Чуднозглобни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Јазично подобрување, replaced: рептилск → влекачк
Ред 28:
== Морфологија ==
 
Денешните чуднозглобни цицачи достигнуваат различни големини − од најмалиот ''[[Вилински оклопник|Chlamyphorus]]'' (вилински оклопник), долг околу 12,5  cm па сè до ''[[Џиновски мравојад|Myrmecophaga]]'' (џиновски мравојад) кој е долг околу 120  cm. Меѓутоа, повеќето изумрени видови биле поголеми. На пример, [[глиптодонт]]ите достигнувале и повеќе од 2 m во должина.
 
Мрзливците, кои живеат на дрвја, имаат крушковидни тела со големи абдомени, што дозволува развиток на големо [[слепо црево]] и долги, тенки екстремитети кои завршуваат со издолжени извиени канџи. Нивните прсти се сраснати со кожа, така што често се мешаат со канџите. Сите три вида на мрзливци имаат три канџи на задните стапала. Нивното надворешно крзно е долго и грубо, а постои и кратко, меко и густо внатрешно крзно. Нивните глави се мали и заоблени. Овие животни имаат необична карактеристика да се истегнуваат во хоризонтален правец додека висат прикачени за дрвото само со задните екстремитети.
 
Мравојадите се препознаваат по нивните долги конусни нуски, особено долгиот и тенок јазик, како и големите и моќни предни канџи. Последните се користат како за одбрана, така и за раскопување и отворање на [[Мравка|мравкините]] дувла. Крзното е долго и густо, при што го штити животното од [[инсект]]и. Сите видови (освен еден) поседуваат рассекувачка опашка за фаќање.
 
Оклопниците се единствените денешни цицачи со заштитен коскен штит. За разлика од рептилскитевлекачките штитови, оној на оклопникот е испрекинат со неколку завои од кожа, кои помагаат во подвижноста. Површината на кожата е сива или кафеава и доста мека. Тие се дебели, средно големи цицачи кои се движат речиси припиени до почвата. Формата на главата и ушите варира меѓу видовите, додека моќните екстремитети носат зголемени канџи за копање на засолништа (дупки) и собирање на храна.
 
== Систематика ==
Ред 70:
**** [[Бледогрлен трипрсен мрзливец]], ''Bradypus tridactylus''
**** [[Гривест трипрсен мрзливец]], ''Bradypus torquatus''
*** Фамилија [[Megalonychidae]]: двопрсни мрзливци и изумрените [[Приземен мрзливец #Megalonychidae|мегалонихидни]] приземни мрзливци
**** [[Хофманов двопрсен мрзливец]], ''Choloepus hoffmanni''
**** [[Линеов двопрсен мрзливец]] или јужен двопрсен мрзливец, ''Choloepus didactylus''