ГНУ-ова општа јавна лиценца: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Исправка на помешани латинични букви меѓу кириличните, replaced: пo → по, оваa → оваа (2)
с →‎Одредби и услови за умножување, разделба и промена: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: овaа → оваа
Ред 111:
'''6.''' Секој пат кога ја дистрибуирате Програмата (или било која творба врз нејзина основа), примателот автоматски ја прима Лиценцата од првобитниот автор-носител на лиценцата да ја умножува, дистрибуира или менува Програмата според овие одредби и услови. Вие не смеете да наметнувате дополнителни ограничувања на спроведувањето на правата овде дадени на тие приматели. Вие не сте одговорни за спроведување на оваа лиценца од страна на трети лица.
 
'''7.''' Ако, како последица на судска пресуда или тужба за патентен прекршок или заради било каква друга причина (кој не мора да биде ограничен на патентни прашања), Ви се наметнати услови (било со судска пресуда, договор или на друг начин) кои се спротивни со условите на ова лиценца, тие не Ви даваат право на исклучок од условите на оваа лиценца. Ако не можете да ја дистрибуирате така што ќе ги задоволите истовремено Вашите обврски кон ова лиценца и било кои други прифатени обврски, тогаш како последица Вие воопшто не смеете да ја дистрибуирате ова Програма. На пример, ако некоја патентна лиценца не дозволува дистрибуирање на Програмата без наплаќање на хонорари од страна на сите што добиле примероци директно или индиректно од Вас, тогаш единствен начин да ја задоволите патентната лиценца и овaаоваа лиценца е целосно да се воздржите од дистрибуирање на оваа Програма.
 
Ако било кој дел на овој член се смета за неважечки или неприменлив под било какви околности, ќе се применува дополнението на овој член и членот во својата целост ќе се применува под други околности.