Асеманиево евангелие: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поврзница
Ред 2:
'''Асеманиево евангелие''' или '''Асеманово евангелие''' — глаголски ракопис од втората половина на X век чие настанување се поврзува со [[Охридска книжевна школа|Охридската книжевна школа]].
 
Пишуван е врз пергамент со обла гоаголица и има 158 листа. Овој глаголски споменик кој се смета за најастар во словенски ракопис, го пронашол во 1736 година , во [[Ерусалим]] префектот на Ватиканската библиотека Јосиф Симон Асемани (1687 - 1768) по чија смрт, заедно со целата неговата колекција, станал сопственост на библиотеката во [[Ватикан]]. Во оваа библиотека сега го носи бројот 3, а е наречено Асеманово по името на неговиот пронаоѓач. Комплетно е дигитализирано и достапно во нивната дигитална библиотека. <ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://digi.vatlib.it/view/MSS_Vat.slav.3|title=|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref> По содржина е изборно евангелие (апракос) со [[месецослов]] и неговиот текст, според мислењето на многумина истражувачи, му е најблизок на Кирилометодиевиот превод на евангелието. Големата важност на ова најстаро апракосно евангелие за историјата на евангелскиот текст се потврдува и од тоа што во неговиот месецослов ги наоѓаме најстарите вести за празнувањето, паметта на браќата [[Св. Кирил и Методиј|Кирил и Методиј]] и [[Свети Климент Охридски|Климент Охридски]]. Интерес претставуваат и подоцнежните кирилски записи во почетокот на секој месец од Месецословотмесецословот, во кои се означени „злите денови“ во соодветниот месец. Од овие записи добива важни податоци за битот и верувањата на [[Македонски Словени|македонските Словени]] во таа далечна епоха. Асемановото евангелие е мошне важно и за историјата на нашата книжна орнаментика. Илуминацијата му е старинска и мошне оригинална, при што не се чувствува некое посебно влијание од страна на водечките цариградски илуминаторски школи. Тоа значи дека во скрипторскиот центар во кој настанало Асемановото евангелие била негувана самостојна, автохтона илуминторска традиција.<ref>Речник на старата македонска книжевност, Ѓорѓи Поп-Атанасов, Македонска книга, 1989, стр.24-25</ref><ref name="manuscripts">{{наведена книга|title=Macedonian Glagolitic and Cyrillic manuscripts|last=|first=|date=2008|publisher=Institute for Macedonian language Krste Misirkov|author=Ilija Velev|author2=Liljana Makarijoska|author3= Emilija Crvenkovska|year=|isbn=978-9989-640-93-3|location=Skopje|pages=128}}</ref>
 
== Наводи ==