Зигмунд Фројд: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Психосексуален развој: Јазично подобрување, replaced: сексуалната зрелост → половата зрелост
с →‎Несвесното: Правописна исправка, replaced: еветнаесети → еветнаесетти
Ред 56:
=== Несвесното ===
 
Можеби најголемиот придонес на Фројд за западното мислење се неговите аргументи коишто се однесуваат на значењето на несвесниот ум за разбирањето на свесните мисли и однесување. Меѓутоа, како што и психологот Жак Ван Рилер забележува, ,,спротивно на она во што веруваат повеќето луѓе, несвесното не е откриено од Фројд. Во 1890г., кога психоанализата е сосема непозната, Вилијам Џејмс, во принципите на психологијата, неговата голема статија за психологијата, го испитува начинот на којшто Шопенхауер, Вон Хартман, Џенет, Бинет и други го имаат употребувано терминот ,,несвесно” и ,,потсвест”. Борис Сидис, руски Евреин кој емигрира во САД во 1887г. и студира кај Вилијам Џејмс, ја пишува Психологија на сугестијата: Истражување во потсвесната природа на човекот и општеството во 1898г., проследено со десет или повеќе дела во текот на наредните дваесет и пет години на слични теми со оние на Фројд. Историчарот по психологија Марк Алтшул заклучува: ,,Тешко е, или можеби невозможно – да се најде психолог или психијатар од деветнаесетиотдеветнаесеттиот век којшто не го препознава несвесното не само како вистинско туку од највисоко значење”. Предноста на Фројд не е во откривањето на несвесното туку измислување на метод за негово систематско проучување.
 
Фројд ги нарекува соновите ,,кралскиот пат до несвесното”. Ова значи дека соновите го прикажуваат ,,логичното” на несвесниот ум. Фројд ја развива неговата прва теорија за психата во Толкувањето на соништата ( 1899г.) во којашто вели дека несвесното постои и го опишува методот за негово достигнување. Претсвесното е опишано како слој помеѓу свесните и несвесните мисли и кон него може да се пристапи со мал напор.