Брутализам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Брутализам во Македонија: Правописна исправка, replaced: 0тите → 0-тите (2)
с Правописна исправка, replaced: ваесетиот → ваесеттиот (3)
Ред 1:
{{викификација}}
'''Брутализам''' е стил во архитектурата кој се појавува во средината на дваесетиотдваесеттиот век (од 1950 до средината на 1970) како дел од [[Модернизам|Модернизмот]].
Терминот "брутализам" потекнува од францускиот збор кој го опишува материјалот кој е карактесритичен за овој стил [[béton brut]] или натур бетон. Британскиот критичар за архитектура [[Рајнер Банхам]] го адаптира овој термин нарекувајќи го самиот стил брутализам (или во оригинал Нов Брутализам)
[[Податотека:Pošta vo Skopje, Macedonia.jpg|180px|мини|десно|Телекомуникациски центар, Скопје]]
Ред 7:
 
И покрај неговата грубост и навидум недостаток на комфорт, брутализмот младата генерација на архитекти го истоветува со оптимизам, светлина, слобода на израз, особено во поствоениот свет, во кој и се создава. Банхам во еден момент во своите критички текстови се осврнува на брутализмот не само како стил туку и како атмосфера на морална сериозност меѓу архитектите.
Во поново време поимот брутализам се користи при опишување на објекти кои датираат од крајот на дваесетиотдваесеттиот век, кои се огромни и непопуларни, односно како синоним за нешто што е грубо, брутално, нападно.
 
==Историја==
Ред 13:
Терминот "брутализам" бил првично употребен од шведскиот архитект Ханс Асплунд при опишување на објектот Вила Гот сместена во [[Упсала]], проектирана од негови колеги Б.Едман и Л.Холм во 1949. Во оригинал е употребен терминот ''nybrutalism'' кој на шведцки јазик значи Нов Брутализам. Терминот натака е присвоен од британските архитекти Алисон и Петар Симтсон, а станува глобално прифатен после објавување на книгата на британскиот критичар/историчар Рајнер Банхам со наслов ''Новиот Брутализам: Етика или Естетика?'' (анг. ''The New Brutalism: Ethic or Aesthetic?'') во која е анализиран новопојавениот архитектонски пристап при проектирање, конкертно во Европа.
 
Најдобри примери за раниот брутализам можат да се видат во работата на швајцарскиот архитект [[Ле Корбизје]], конкретно "Unité d'Habitation" - објект за колективно домување изграден во 1952 г. во Марсеј, Франција како и комплексот законодавни објекти изграден 1953 година во Чандигард, Индија. Брутализмот особено зема залет во средината на дваесетиотдваесеттиот век во Велика Британија како резултат на поствоената економска депресија и потребата за изградба на нискобуџетни станбени единици, шопинг центри и владини згради. Меѓутоа, брутализмот останува примарен избор на стил и во случаи кога се располагало со големи буџети бидејќи архитектите ја ценале искреноста, скулптуралноста, а најмногу бескомпромисната анти-буржоазиска природа на стилот.
 
Со социјално прогресивната идеја зад брутализмот видлива кај Корбизјевиот станбен објект, на овој стил се гледа како на позитивна опција за унапредување на модерното урбано живеење.