Внатрешна македонска револуционерна организација - Народна партија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Исправка на помешани латинични меѓу кириличните букви, replaced: дo → до
→‎Историја: Исправена грешка при пишување
Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник Уредување од прилогот за Андроид
Ред 24:
 
==Историја==
ВМТОВМРО-НП била формирана на [[4 јули]] [[2004]] година во [[Скопје]], од приврзаниците на [[Љубчо Георгиевски]], кој се отцепил од [[ВМРО ДПМНЕ]] по неуспешниот обид да го преземе раководството на партијата од [[Никола Груевски]]. При формирањето на ВМРО-НП за вршител на должноста претседател на партијата била избрана [[Весна Јаневска]], додека Љубчо Георгиевски се сметал за неформален водач на партијата. На Првиот конгрес на ВМРО-НП, одржан на [[22 април]] [[2007]] година, за претседател на партијата бил избран [[Ѓорѓи Трендафилов]].
 
На [[Македонски парламентарни избори, 2006|парламентарните избори во 2006 година]] ВМРО-НП настапила самостојно, освојувајќи 6,1% од гласовите и 6 мандати во [[Собрание на Република Македонија|Македонското собрание]]. ВМРО-НП не станала дел од владината коалиција, но гласала за [[Влада на Република Македонија од 2006|владата на Никола Груевски]], со цел да го спречи влегувањето на [[Демократска унија за интеграција|Демократската унија за интеграција]] во владата.