Чикаго Булс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎2004-2007:Враќање во плејофот: Јазично подобрување, replaced: ривал → соперник
с Правописна исправка, replaced: десети → десетти (2)
Ред 38:
Чикаго булс се трета НБА франшиза од Чикаго, по Пакер-Зефирс ( Сегашните Вашингтон Визардс) и Стагс (1946-50). Основачот на Булс Дик Клејн беше единствениот сопственик кој играл професионално кошарка ( за Чикаго Американ Гиарс). Тој беше претседател и генерален менаџер на тимот во почетокот.
Тимот започна да игра во НБА лигата во сезоната 1966-67 и ги постигна најдобрите резултати како нов тим во лигата во историјата на НБА. Предводени од поранешната НБА ѕвезда Џони ,,Ред’’ Керр и поранешниот НБА водач во асистенции Гај Роџерс и Боб Бузер во нападот, Булс се квалифукуваа за во плејофот, што ги одвои како единствениот тим во НБА што во првата сезона се квалификувал во Плејоф.1966-1974: Успесите во почетокот
Во првите две сезони тимот поголемиот дел од домашните натпревари ги играше во арената ,,Интернационалниот амфитеатар’’ пред да играат на стадионот ,,Чикаго’’.Поддршката од навивачите беше на поразително ниво по четирите просечно одиграни сезони, од кој на еден натпревар од сезоната 1967-68 година официјаната посетеност била 891 присутен,а пак дури и одигрување на некои натпревари во Канзас Сити.Но откако Клејн се откажа од позицијата главен менаџер во 1969 година го покани Пет Вилијамс кој како бизнис менаџер на клубот ,,Севенти Сиксерс” со создавање промоции му помогна на тимот на Булс да премине како трет по посетеност на натпревари сезоната.Вилијамс го промени составот на играчи.Тој го донесе Чет Вокер за замена со Џим Вашингтон играч од неговиот поранешен клуб, и како избор на драфтот го одбра Норм Ван Лиер. Норм за жал таа сезона не заигра бидејќи беше продаден на тимот ,,Рочестер Ројалс’’, но шансата да заигра за Булс ја доби 1971 година.Вилијамс исто така ја создаде маскотата на Булс позната како Бикот Бени.Под водство на Вилијамс и Дик Мота како главен тренер Булс се квалификуваа на четири плејофа по ред и ја променија драстично посетеноста на натпреварите која достигнуваше до 10.000 присутни. Во 1972 година Булс постави рекорд од 57 победи и 25 изгубени натпревари.Во времето на седумдесетитеседумдесеттите тимот на Булс беше составен од Џери Слоан, Боб Лав и Чет Вокер во нападот, плејмејкерот Норм Ван Лиер и центрите Клифорд Реј и Том Боервинкел. Тимот на Булс во 1975 стигна до конференциското финале на кое изгуби од тимот на Голден Стејт Вориорс. По четири добро изиграни сезони Вилијамс се врати во Филаделфија, а неговата позиција ја презеде Дик Мота.Истата сезона беше поразителна за Булсите со само 25 победи.По оваа сезона Мота беше отпуштен и заменет со Ед Баџер.
 
==1976-1984: Гилмор и Теус==
Ред 45:
Летото 1984 година тимот на Булс ја измени својата иднина засекогаш со тоа што го доби третиот избор на играч на драфтот 1984 г. по тимовите на Хјустон и Портланд кои ги добија првиот и вториот избор на играч.Тимот ,,Рокетс’’ го избраа Хаким Олаџувон, ,, Блејзерс’’ го избраа Сем Боуви, а пак тимот на Булс го избра Мајкл Џордан со позиција бек. Тимот со ново оформеното раководство на сопственикот Џери Рајнсдорф и генералниот менаџер Џери Краус одлучи да направи целосна реконструкција на тимот, со што Џордан беше во преден план. Џордан постави рекорди во франшизата уште во неговите дебитантски години, трет играч во лигата по погодени поени и четврт во украдени топки.Тој уште во првата година се избори и ги одведе Булс на Плејофот таа сезона, но за жал изгубија во првото коло од тимот на ,,Милвоки Бакс’’.Тој за неговиот труд таа година беше почестен со две награди, место помеѓу вториот тим на најдобрите играчи во НБА (All-NBA Team-second team) и наградата за најдобар најмлад играч во лигата.
Во наредната сезона тимот го купи играчот Џон Паксон кој играше на позицијата организатор на игра, и на денот на драфтот Булс направи договор со тимот Кливленд за крилниот центар Чарлс Окли. Овие играчи заедно со Џордан и центарот Дејв Корзин придонесоа многу за нападот на тимот во наредните две години. По повредата на стапалото на почетокот на сезоната 1985/86 година Џордан заврши втор по погодоци во тимот по соиграчот Вулриџ. Џордан се врати во Плејофот, Булс го заземаа осмото место и се соочија со тимот на ,,Бостон Селтикс’’ предводени од Лери Брд. Во тоа време Булс беа петти во најлош рекорд за влез во Плејофот од сите тимови на лигата. Иако Булс изгубија, Џордан забележа плејоф рекорд со постигнување на 62 поени во еден натпревар од плејофот (Овој рекорд се уште не е соборен), поточно на вториот натпревар против Селтикс тоа коло.Играчот од Селтикс Лери Брд изјавил за тој натпревар дека Господ бил маскиран како Мајкл Џордан.
Во сезоната 1986/87 година, Џордан го продолжи својот напад на книгите со рекорди во НБА, со просек од 37.1 поен по натпревар и првиот играч од тимот Булс кој бил избран помеѓу најдобрите играчи во лигата (All-NBA First Team).Булс ја завршија таа сезона со резултат од 40 добиени и 42 изгубени натпревари кој беше добар за квалификување во Плејофот. И покрај тоа тие беа поразени повторно од Селтикс во плејофот. На драфтот 1987 година Краус го одбра центарот Олден Полинис осми по оценки и крилниот центар Хорас Грант десетидесетти по оценки.Додека сè уште траеше изборот на играчи, Полинис кој не беше заиграл за Булс беше продаден во тимот од Сиетл.Со ова тимот на Булс го доби правото на избор на Скоти Пипен со позиција крило.
Со Паксон и Џордан во одбранбената зона, Бред Селерс и Окли во напаѓачките редови, Корзин како силен центар и младите играчи Пипен и Грант влегуваа во игра како измени , Булс таа сезона направи голема фама со 50 добиени натпревари и влез во полуфиналето од Плејофот во источната конференција, каде за жал беа поразени од тогашниот шампион на истокот ,,Детроит Пистонс’’ во пет натпревари. Како и да е, за своите напори Џордан беше повторно награден со најголемата и најпрестижната награда во НБА, наградата за највреден играч. Истата награда тој ќе ја добие уште четири пати во неговата кариера. Оваа сезона исто така и го забелжува соперништвото кое заполнало помеѓу Пистонс и Булс во 1988 година. Сезоната 1988/89 г. исто така забележи големи промени како претходната во периодот пред почетокот на сезоната.Познатиот крилен центар Чарлс Окли, кој беше предводник во лигата по скокови во одбрана и напад сезоните 1987 и 1988 год, ноќта на драфтот 1988 година беше заменет во тимот на ,,Њујорк Никс’’ заедно со право на избор на играч на драфтот, кое Никс го употребија за Род Стрикленд. За возврат Булс го добија центарот Бил Картврајт и избор на играч од првото коло на драфтот, со кој го земаа центарот Вил Пердју во своите редови.Како дополнителна промена на тимот, Булс го купија и Крег Хоџес специјалистот за тројки од тимот на Феникс. Новата петорка која се состоеше од Паксон, Џордан, Пипен, Грант и Картврајт имаше време да се разигра.Без разлика на се тимот имаше помалце победи од претходната сезона, но сепак стигна до финалето на источната конференција од Плејофот беа повторно поразени во шест одиграни натпревари од шампионот Детроит Пистонс.
Во сезоната 1989/90 г. , Џордан беше најдобар стрелец во низа од четири сезона. Истата сезона Скоти Пипен му се приклучи во екипата на најдобрите играчи.Таа сезона имаше и голема промена во редовите на раководтсвото, каде што главниот тренер Даг Колинс беше заменет со асистентот Фил Џексон.На драфтот таа сезона Булс ги одбраа дебитантите Стејси Кинг со позиција центар и Б. Џ. Армстронг со позиција организатор на игра. Со овие играчи и почетната петорката од минатата сезона, Булс повторно стигнаа до конференциското финале каде што беше играна и дури седми натпревар, но сепак Булси немаа среќа и изгубија и на ова финале.