Георгиј Маленков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с ситна поправка
с ситна поправка
Ред 38:
 
== Биографија ==
ГеоргиГеоргиј Маленков е роден во градот [[Оренбург]], во Руското Царство. Неговиот татко бил царски офицер, по потекло од денешна Македонија, од когo наследува презиме, невообичаено за Русија. Избувнувањето на [[Октомвриска револуција|Октомвриската револуција]] има големо влијание врз овој млад човек, кој се приклучи на Црвената армија на 17-годишна возраст за време на борбите со Белите гардисти. Првичниот ентузијазам бил награден за прв пат во април 1920 година кога станал член на Комунистичката партија. Во согласност со покажаната лојалност кон новата држава, за време на неговиот воен рок, без оглед на тоа што имал помалку од 20 години, тој бил назначен на позицијата политички комесар. За време на почетокот на својата кариера, тој се сретнал со Николај Јежов, идниот шеф на НКВД, кој станал негов политички спонзор во следните 15 години. Првиот дел од животот на ГеоргиГеоргиј Маленков завршил со напуштање на армијата. Се запишал на Московскиот технички факултет во 1921 година и успешно дипломирал во 1925 година. Изворите наведуваат дека Маленков, наместо да го продолжи образованието, ја избрал политичката кариера. Во овој период Маленков станал близок пријател со Вјачеслав Малишев, кој подоцна станал шеф на советската нуклеарна програма. 1924 и 1925 година претставуваат пресвртница во неговата политичка кариера. Бил задолжен за чување и креирање на досиеја за членови на Комунистичката партија. Бил задолжен за чување и креирање на досиеја за членови на Комунистичката партија. Под негово раководство, во наредните десет години, биле создадени над 2 милиони вакви досиеја. Се верува дека длабоко бил вмешан во политичките процеси кои се воделе против политичките соперници и неистомисленици на Сталин. Во 1938 година бил еден од клучните играчи за симнувањето на шефот на НКВД, Николај Ежов. Во текот на 1939 година станал член на Централниот комитет на партијата, а во февруари 1941 година, станал кандидат за член на Политбирото на Комунистичката партија. Пред војната бил ангажиран во широк спектар на воени прашања: бил задолжен за воениот персонал, за авијацијата, како и за радиоактивните материјали. Од јули 1940 година е член на Воениот совет на Црвената армија. Неговиот потпис, заедно со потписите на Генерал Жуков и Тимошенко, стоеле на Директивите 2 и 3, со кои била испратена војска по нападот на Германија на Русија.
 
Во текот на Втората светска војна извршувал важни воени должности, но една од најважните должности секако е изградбата на нуклеарните ракети и рактните лансирни места. Маленков бил поставен за Шеф на Советската ракетна програма, а негов прв заменик бил Дмитри Устинов, кој подоцна ќе стане еден од најмоќните министри за одбрана.
Ред 44:
Маленков ја надгледувал операцијата за заземање на германаските V2 ракети, кои подоцна ќе станат основа за изградба на ракетите Восток и познатиот Спутник кој ја обиколи Земјата.
 
ГеоргиГеоргиј Маленков станал десна рака на Сталин. Неговите политички амбиции биле толку големи што немилосрдно се пресметувал со своите политички соперници (генерал Жуков, Андреј Жданов, Лаврентиј Берија...). Ја користел блискоста со Сталин до толку, што по смртта на Сталин во 1953 година, успеал да го наследи и да стане Премиер на Советска Русија, а со тоа и да стане еден од двајцата најмоќни државници во светот. Во овие бурни времиња на политичка нестабилност, заладени односи со САД, русинот со македонско потекло седел на едно од највисоките две политички места во светот. На светот му соопштил дека Советскиот сојуз поседува хидрогенска бомба. Оваа вест ја објавил лондонскиот весник “Сандеј” под наслов “Маленков вели дека Русија поседува хидрогенска бомба.”Неговото владеење траело две години. Веќе во февруари 1955 година, морал да поднесе оставка од функцијата Премиер, поради честите критики дека ја злоупотребувал фукцијата, бавно течеле најавените реформи, а особено кога станувало збор за политичките затвореници. Наредните две години (до 1957 година), останал на функцијата која ја имал во Политбирото. Се уште важел за многу моќен.
 
Заедно со Хрушчов заминуваат во Југославија, (ноќта помеѓу 1 и 2 ноември 1956 година), каде, биле водени разговори во врска со ситуацијата во Унгарија и интервнецијата на СССР во истата земја. Нападот бил планиран за 4 ноември. “Протокол 49” кој е заведен како ТАЕН од 31 октомври 1953 година, меѓудругото се вели: “Потврден е текстот на телеграмата која советскиот амбасадор во Белград треба да му ја предаде на другарот Тито. Во случај на потврден одговор, другарите Хрушчов и Маленков се овластени да започнат преговори со другарот Тито.”