Протеохормони: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 26:
Како и другите хормони, по нивното формирање, протеохормоните се лачат во крвта, каде што можат да ги извршуваат своите ендокрини функции. Со тоа, протеохормоните како и сите други хормони се екстраклеточни сигнални молекули, што значи дека се работи за молекули, кои се присутни надвор од клетките. По нивното формирање и лачење, тие циркулираат во крвта, но во осноова не се активни. Протохормоните дури подлежат на промена во крвта и на тој начин се регулираат. Биолошката активност на протеохормоните зависи меѓу другото од јаглехидратната (шеќерна) компонента што е прикачена на структурата на протеините. Активните хормони можат по контакт и интеракција со соодветни клеточни [[Рецептор (биохемија)|рецептори,]] кои можат да бидат лоцирани на [[Клеточна мембрана|клеточните мембрани]], во цитозолот или [[Клеточно јадро|јадрото]] на клетките, да го постигнат хормонското дејство, да го пренесат сигналот и да активираат ефекторни дејства во клетките. Врзувањето со хормонски рецептори често иницира формирање на сигнален молекул во внатрешноста на клетката (секундарен гласник) кој иницира каскада од реакции кои го засилуваат и прошируваат сигналот во клетката и доведуваат до активирање на различни ефекторни активности (пр. вградување канали во мембраната на клетката за превземање на глукоза во клетката, активирање на транскрпцијата на одредени гени).
 
Некои од хормоните кои циркулираат во крвта подлежат на активно отстранување од крвта. За оваа цел улога може да има шеќерната компонента прикачена на протеинот. Ако сијалинската киселина, дел шеќерна компонента прикачена на протеохормонот ензиматски се отстрани од остатокот на шеќерната компонента, протеохормонот ќе може да биде препознает од соодветни рецептори на хепатоцитите (клетките на црниот дроб). Процесот кој доведува до клеточно превземање на протеохормонот со помош на рецептор се нарекува рецептор-посредувана ендоцитоза. Овој процес доведува до отстранување (клиренс) на протеохормонот од крвта. Друг пример за пептиден хормон кој се отстранува преку рецептор-посредувана едноцитоза во црниот дроб како и од клетките на други целни ткива е [[Инсулин|инсулинот]]. Во случај со инсулинот, не се отстранува сијалинска киселина и тука шеќерна компонента нема улога во процесот, туку доаѓа до иницирање на едноцитоза откако инсулинот ќе се поврзе за неговиот инсулински рецептор. Комплексот од инсулин-инсулин-рецептор понатаму подлежи на превземање во внатрешноста на клетката преку процесот на рецептор-посредувана ендоцитоза. Во клетката, инсулинот подлежи на ензиматска разградба.
 
== Докажување ==