Иван Бунин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: литературни дела → книжевни дела
с →‎Раскази: Правописно подобрување, replaced: 20 векXX век (2)
Ред 15:
 
===Раскази===
Како прозаист, Бунин дебитирал во 1982 година, со расказ објавен во едно списание во [[Петроград]]. Некои писатели, како [[Максим Горки|Горки]], уште тогаш ја истакнувале книжевната дарба на Бунин, но некои критичари го сметале за второстепен писател.<ref name="Lav Zaharov 1964"/> Така, почетокот на [[20XX век]], во една прилика, Горки рекол: „Не сфаќам зошто Бунин не сака да го наостри својот талент, којшто е убав како матирано [[сребро]], да го претвори во нож, па да забоде каде што треба...“.<ref>Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 134.</ref> Дури и подоцна, по емигрирањео на Бунин, Горки постојано нагласувал дека Бунин е ненадмашен стилист, иако Бунин напишал серија текстови во кои го критикувал Горки.<ref>Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 136.</ref>
 
Во своите раскази, Бунин дал силна и потресна слика на руското село од почетокот на [[20XX век]], осветлувајќи низа судбини што копнеат за поинаква, поубава и правична реалност. Притоа, во неговата проза се прикажани и односите што често го носат печатот на бесмисленоста, тагата и изневерената надеж. Исто така, во повеќе негови раскази, тој со иронија го споменува своето благородничко потекло. На пример, во расказот „Суводол“ (1911), со голема пластичност, тој дава еден вид уметничко „опело“ на благородничката класа која незапирливо исчезнувала од историската сцена. Истата тема, Бунин ја обработува и во неколку други кратки раскази: „Село“ (1910), „Последниот состанок“ (1912)<ref>Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 27-34.</ref> и „Последниот ден“ (1913),<ref>Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 65-72.</ref> во кои е насликана суровата, горка атмосфера на безнадежноста и на конечната разделба со нешто што било славно во минатото. Но, покрај благородниците, во расказите на Бунин и селаните се лишени од каква и да било иднина, осудени на вечна беда и заостанатост. Неговите селски ликови најчесто се мрачни и тажни, а зад нив се случуваат бројни потресни драми. На пример, во „Данок“ (1913), селанецот Аверкиј умира по триесетгодишна работа по туѓите имоти, жртвувајќи го заедничкито живот со сопругата и со ќерката.<ref>Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 73-95.</ref> Притоа, случајните и споредни излети во [[Натурализам|натурализмот]] не го намалуваат високото ниво на прозата на Бунин.<ref>Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 134-135.</ref>
 
Понатаму, [[природа]]та (особено пејзажите од централниот дел на [[Русија]]) се јавува како честа тема во творештвото на Бунин при што тој се истакнува со својата способност да го разбере говорот на природата. Во неговите дела, природата и човекот често имаат да си кажат многу нешта, иако природата е претставена како посреќна и поведра од човекот.<ref>Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 138.</ref>