Џорџо Манганели: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Додадена категорија using AWB
Ред 8:
 
==Критички осврт кон творештвото на Манганели==
Во предговорот кон француското издание на „[[Центурија (роман)|Центурија]]“ од 1985 година, [[Итало Калвино]] го оценува Манганели како автор кој не наликува на никој друг во [[Италијанска книжевност|италијанската книжевност]], непогрешлив во секоја [[реченица]], неисцрпен пронаоѓач на играта со [[јазик]]от и со [[Идеја|идеите]]. Според Калвино, Манганели се појавил зрел и наоружан со сите негови квалитети уште со првата објавена книга. Исто така, според Калвино, Манганели е најиталијански од сите италијански писатели, но и најизолиран во италијанската книжевност. Најиталијански бидејќи се раѓа директно од италијанската проза од [[18 век]], со елаборирана [[синтакса]] и неочекувани [[именки]], [[глаголи]] и [[придавки]], како и вртлог од аналогии и смешни досетки. Истовремено, тој е најизолираниот бидејќи безмилосно ги урива сите поучни намери кои доминирале во италијанската книжевност во [[19XIX век|19XIX]] и во [[20XX век]]. Понатаму, Калвино истакнува дека Манганели истовремено ги претставува традицијата и [[авангарда]]та. Традицијата бидејќи секогаш поаѓа од идеалот на [[форма]]та, како во синтаксата така и во [[логика]]та на аргументирањето; авангардата, бидејќи не постои предизвик во употребата на мислата и изразните форми пред кои тој би се повлекол.<ref name="ReferenceA"/>
 
== Наводи ==