Општина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: локалното население → месното население
с →‎Локалната самоуправа во Македонија: Форматна исправка, replaced: [[км<sup>2</sup>]] → км<sup>2</sup>
Ред 6:
надлежностите пропишани со [[закон]]. Во Македонија, општините се административни единици од прв степен. Надлежност на општината е збир на работи од јавен интерес од локално значење кои општината има право да ги врши на своето подрачје и е одговорна за нивното извршување. Граѓаните на [[Република Македонија]] кои имаат постојано живеалиште на подрачјето на општината се жители на општината, додека општината го уредува вршењето на своите надлежности со статутот и со други прописи. Со статутот на општината се уредуваат: организацијата и работењето на органите на општината и на комисиите на советот, начинот на информирање на граѓаните, случаите на исклучување на јавноста од седниците на советот, начинот и постапката за доставување претставки и предлози за работата на органите на општината и постапување по нив, начинот на [[организирање]] јавни трибини, спроведување [[Анкета|анкети]] и прибирање предлози од граѓаните, како и начинот на извршување на обврските од областа на одбраната во воена состојба, како и други прашања од значење за локалната самоуправа. Општината има свое подрачје и име, утврдени со закон, а може да има свој [[грб]] и [[знаме]]. Грбот и знамето на општината се разликуваат од грбот и знамето на [[Република Северна Македонија]] и од грбот и знамето на другите општини, Градот Скопје, како и грбовите и знамињата на другите држави, единиците на локалната самоуправа на други држави и на [[меѓународни организации|меѓународните организации]].<ref>Закон за локална самоуправа, Службен весник на Република Македонија, бр.05/2002.</ref>
 
Во периодот од 1996 до 2004 година, Македонија имала 123 општини; од август 2004 до 2013 година имало 84 општини, а по [[Локални избори во Македонија (2013)|локалните избори]] во 2013 година, бројот на општините се намалил на 80. Од нив, 10 општини се во [[Скопје]] при што [[Град Скопје|Градот Скопје]] е посебна единица на локалната самоуправа.<ref>Закон за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија,„Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/04; 12/05; 98/08; 106/08; 149/14.</ref> По површината, најголема општина е [[Прилеп]] која има 1.194 [[км<sup>2</sup>]], а најмала е [[Чаир]] со површина од 3,5 км<sup>2</sup>. По број на населението и според пописот од 2002 година, најголема општина е [[Куманово]] со 105 484 жители, а најмала е [[Вевчани]] со 2 433 жители. Притоа, 34 единици на локалната самоуправа се со седиште во [[град]], а останатите 46 се со седиште во [[село]].
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Општина