НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип“: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 35:
 
==Историја==
Историските извори говорат дека библиотекарската дејност во [[Штип]] започнала со основањето на читалиштето „Дејателност“ во 1872 год. Во сложени општествено-историски околности штипските еснафи согледувајќи ја потребата за духовна надградба и описменување на своите сограѓани, со свои средства го помогнале создавањето на ова читалиште.
 
Таа искра што ја запалила првата читална останала да тлее, така што сите подоцнежни училишта во Штип и [[Ново Село (штипска населба)|Ново Село]] имале свои мали библиотеки. Тие училишни библиотеки развиле мошне богата активност особено во времето на учителствувањето најпрво на истакнатиот македонски револуционер Ѓорче Петров, а потоа и на апостолот на македонското револуционерно движење - [[Гоце Делчев]].
 
Меѓу двете светски војни во Штип постоела мала библиотека со скромен фонд на книги.
 
Во 1941 год. за време на бугарската окупација на Штип била отворена библиотека со читална. Но, по двомесечна работа било забрането нејзиното постоење.
 
По Втората светска војна, во 1946 год. била создадена библиотеката „Гоце Делчев“. Во почетокот книгите биле обезбедени со донирање од приватни, домашни библиотеки. На таков начин биле собрани околу 700 до 900 книги што било добро за отпочнување на библиотекарската дејност.
 
Новиот објект во кој и денес функционира НУУБ „Гоце Делчев“ - Штип, на свечен начин бил предаден во употреба на 4 мај 1978 год.
 
Ова одделение располага со огромен број материјали: книги, брошури, докторски дисертации, магистерски теми, сепарати и учебници, публикации и зборници кои зборуваат за огромниот потенцијал на штипските автори. Во таа смисла треба да се споменат првиот претседател на [[Република Македонија]], [[Киро Глигоров]], академиците [[Михајло Апостолски]], [[Ацо Шопов]], [[Јордан Поп Јорданов]], [[Никола Кљусев]] како и многубројни универзитетски професори и научни работници.<ref name="безпублика17">{{наведени вести |title=Историјат |url=http://www.nuubgdst.mk/index.php/za-nas/132-2016-08-08-09-23-57 |accessdate=12 март 2021 |publisher=НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип |date=}}</ref>
==Митровденски средби==
Митровденските средби, целосен назив Митровденски средби на доктори на науки, се промоции на доктори на науки со потекло од Штип и Штип, почнувајќи од 2002 година. Тие се организираат на 8 ноември, кој е воедно и Денот на ослободувањето на Штип и влегуваат во официјалната програма на Општина Штип.<ref>{{наведена книга|last= Лазарева|first=Наташа|title=Овековечување на Митровденските сребди на доктори на науки: 2002-2019|publisher=НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип|location=Штип|date=2020|page=278|volume=|isbn=9786082421032}}</ref> Согласно до 2019 година, биле промовирани 201 доктор на науки.<ref>{{наведена книга|last= Лазарева|first=Наташа|title=Овековечување на Митровденските сребди на доктори на науки: 2002-2019|publisher=НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип|location=Штип|date=2020|page=277|volume=|isbn=9786082421032}}</ref>