Хумор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Литература: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite journal → Наведено списание
с →‎Хуморот во народните приказни: Јазично подобрување, replaced: Народна литература → Народна книжевност
Ред 5:
==Хуморот во книжевноста==
===Хуморот во народните приказни===
Една од најважните одлики на народните приказни е хуморот, којшто е присутен во речиси сите видови [[Народна литературакнижевност|народни приказни]] ([[Басна|басни]], [[Бајка|бајки]], [[Анегдота|анегдоти]], итн.). Сепак, во најчист вид, хуморот е карактеристичен за басните и бајките. Притоа, хуморот се јавува во различни видови и со различен ументички квалитет. Набљудувано од морално-социјална гледна точка, хуморот извршувал две функции: да ги истакне недостатоците на повластениот општествен слој и да ги одбележи општите недостатоците на човекот. Во првиот случај, кога хуморот се однесува на судирот меѓу послабите и посилните, многу негативни човечки одлики (лагата, кражбата, итн.), ако се насочени против посилните, се претвораат во позитивни страни. Во овој вид, хуморот е најчесто помешан со [[сатира]], со чија помош слабите се ослободуваат до својата подредена положба. Во вториот случај, хуморот е насочен кон одделни категории луѓе (фалбаџии, мрзливци, крадци, скржавци, снаи, свекрви, зетови, итн.), кон одделни племиња или [[народ]]и, како и кон човештвото, воопшто.<ref>Војислав Ђурић, „О народним приповеткама“, во: ''Народне приповетке''. Београд: Просвета, 1963, стр. 17.</ref>
 
Набљудувано од [[Естетика|естетска]] гледна точка, хуморот во народните приказни има различна вредност. Најчесто, тој се јавува како [[карикатура]], игра на зборови, прикриени изрази, надлажување, недоразбирање, неочекувана или невозможна ситуација, паралелизам на спротивности, итн. Во вид на карикатура, хуморот во народните приказни најчесто е неуспешен, а тоа особено се однесува на приказните во кои се дава карикатура на глупоста и незнаењето. Во нив, хуморот е претеран, невкусен и на многу ниско ниво. Ретки се примерите во кои хуморот во вид на карикатура достигнува уметничка вредност, а тоа особено се однесува на случаите во кои незнаењето намерно се нагласува за да се предизвика некој ефект и кога хиперболите имаат фантастичен карактер. Како игра на зборови, хуморот често достигнува висока вредност, преку употребата на необични зборови, [[ритам]] или [[рима]]. Исто така, хуморот има посебна убавина кога се јавува во вид на прикриени изрази, каде е потребен одреден напор во нивното толкување. Во вид на недоразбирање, хуморот тетко се среќава во народните приказни, но ретките примери се со првокласна вредност. Надлажувањето како вид хумор вообичаено содржи елементи од другите видови, а за него е карактеристична и употребата на фантастиката, но со рационалистичка тенденција чудното да се претстави како неверојатно, невозможно и смешно. Во приказните често се среќаваат измамата и подметнувањето кои, исто така, се комбинирани со другите видови хумор, особено со играта на зборови. Најширока и најсеопфатна форма на хумор во приказните е неочекуваниот пресврт. Притоа, овој вид хумор се одликува со необичност, неприродност и нелогичност, кои сепак се психолошки оправдани. Психолошката оправданост е експлицитна или имплицитна, а првата е почеста, иако втората има повисока ументичка вредност, зашто во тие случаи слушателот или читателот мора да ја погодат смислата. Од сите видови хумор, најефектен и уметнички најважен е паралелизмот на спротивностите којшто се остварува на различни начини: спротивставување на една појава на низа слични појави, и тоа така што првата се наоѓа на крајот; кога се прави паралела меѓу постапката на едно лице и постапката на друго лице којашто е иста според мотивот, но различна според дејството; спротивни акции на една иста личност; спротивно однесување на две лица кон трето лице; случајот кога исто лице прави исти постапки во спротивни ситуации или спротивни постапки во иста ситуација, итн.<ref>Војислав Ђурић, „О народним приповеткама“, во: ''Народне приповетке''. Београд: Просвета, 1963, стр. 17-24.</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хумор