Microsoft: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Корпорациски афери: Правописна исправка, replaced: борд → одбор (5)
с →‎Од 2011 до сега: Ребрендирање, Виндоус 8 и Сурфејс: Јазично подобрување, replaced: процесори → обработувачи
Ред 55:
По пуштањето во употреба на Виндоус Фоун, Мајкрософт започна постепено ребрендирање на своите производи од 2011 до 2012 – логото на корпорацијата, производите, услугите и веб-сајтовите ги присвоија елементите и концептот на ново-дизајнираниот Метро јазичен-концепт. Во Јуни, 2011, Мајкрософт го прикажа Виндоус 8, оперативен систем дизајниран да работи и со персонални компјутери, и со таблети. Основната верзија беше достапна за девелоперите на 13 Септември, а подоцна беше заменета со верзија за потрошувачите на 29 Февруари, 2012. На 31 Мај, 2012, основната приказ-верзија беше пуштена во употреба.
На 18ти Јуни, 2012, Мајкрософт го најави Мајкрософт Сурфејс (анг. Microsoft Surface), првиот компјутер во историјата на компанијата чиј хардвер беше направен од Мајкрософт. На 25 Јуни, Мајкрософт најави дека плаќа 1.2 милјарди долари за да ја откупи социјалната мрежа Јамер (анг. Yammer). На 31 Јули, 2012, Мајкрософт го лансираше во употреба веб-меилот Outlook.com, за да се натпреварува со Гмаил (анг. Gmail). На 4 Септември, 2012, Мајкрософт го пушти во употреба Виндоус опслужувач 2012 (анг. Windows Server 2012). На 1 Октомври, Мајкрософт најави дека планира започне со прикажување на новости, како дел од новиот изглед на МСН (подоцна во истиот месец, во исто време со пуштањето во употреба на Виндоус 8). На 26 Октомври, 2012, Мајкрософт го пушти во употреба Виндоус 8 и Мајкрософт Сурфејс. Три дена подоцна, и Виндоус Фоун 8 беше пуштен во употреба. За да излезе на крај со потенцијално зголемување на побарувачка за нивните производи и услуги, Мајкрософт отвори голем број на “празнични продавници” низ САД како надополнување на веќе постоечките “тули-и-малтер” (анг. Bricks & mortar) Мајкрософт продавници кои беа отворени во 2012.
На 29 Март, 2013, Мајкрософт пушти во употреба трагач на патенти. Квалитетот на сензор-направата Кинект (анг. Kinect) беше подобрен пред пуштањето во употреба на осмата генерација на Иксбокс во 2013, а нејзините квалитети беа прикажани во мај 2013. Новиот Кинект користеше ултра-широка камера со 1080 пиксели, која може да функционира и во темно заради инфрацрвениот сензор, го имаше едниот од најмоќните и најскапите процесориобработувачи како и нов софтвер, можеше да разликува мали движења (како мрдање на палецот), и направата можеше да го утврди пулсот (срцебиењето) со гледање во лицето. Мајкрософт пополни барање за добивање патент кое би и одобрило на корпорацијата да го користи Кинект системот за да го следи однесувањето на тв-гледачите како дел од планот да се доживее подобро искуство при гледањето тв. На 19 Јули, 2013, акциите на Мајкрософт го доживеаја својот најголем едно-дневен пад од 2000 година, откако четвртиот тромесечен извештај на Мајкрософт ги загрижи инвеститорите заради слабиот успех на Виндоус 8 и Сурфејс таблетот; со падот поголем од 11%, Мајкрософт истрпи загуба од 32 милјарди долари. Во Фискалната 2010 година, Мајкрософт имаше 5 различни продуктни линии: Виндоус Дивизија (анг. Windows Division), опслужувачи и Алатки (анг. Servers and Tools), Дивизија за Онлајн Услуги (анг. Online Services Division), Мајкрософт Бизнис Дивизија (анг. Microsoft Business Division), и Дивизија за Забава и Уреди (анг. Entertainment and Devices Division).
На 3 Септември, 2013, Мајкрософт се согласи да го откупи одделот за мобилни телефони на Нокиа за 7 милјарди долари. Исто така во 2013 Ејми Худ (анг. Amy Hood) стана финансиски директор (анг. Chief Financial Officer) на Мајкрософт.
Моментално извршен директор на Мајкрософт е Стив Балмер (анг. Steve Ballmer) кој планира да се повлече од функцијата 12 месеци по Август, 2013.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Microsoft