Меган Фокс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: aмерик → америк
с →‎Имиџ: Правописна исправка, replaced: глумеци → глумци
Ред 42:
Во едно интерјву за „''Тајмс''“, на темата да се биде пример за другите луѓе, Фокс изјави: „''Зависи од тоа што подразбирате под пример за другите''“, и продолжи „''Ако вашата идеја за пример за другите е некојшто ќе им проповеда на вашите деца дека сексот пред брак е погрешен, и дека пцуењето е лошо, и дека жените треба да прават само некои одредени работи, тогаш јас не сум пример за другите. Но ако сакате вашите девојчиња да бидат силни и интелигентни, да бидат искрени и да се борат за тоа што сметаат дека е правилно, тогаш да, сакам да бидам таков пример''“. Во истото интервју, Фокс зборува за тоа да се биде карактеризиран. „''Како да ве карактеризираат? Како привлечна? Зар тоа е лошо?''“ таа изјави дека не е лошо да ве карактеризираат на таков начин. Таа тоа го смета за ласкање, и смета дека предноста е тоа што може да ги изненади луѓето со нејзината добра изведба на некоја улога, бидејќи тие ќе очекуваат од неа само да биде атрактивна. Таа покажа интерес да глуми и помалку сексуализирани ликови од ликот на Микаела Банс од серијата Трансформери. На прашањето како е да се биде популарна тема на медиумите, таа рече дека иако не е на исто ниво со Џенифер Анистон, Бритни Спирс, или Линзи Лохан, сепак и е тешко, и дека имало моменти кога луѓето избегнуваат да бидат во нејзина близина бидејќи не сакаат да бидат центар на медиумското внимание. Таа рече: „''Морам да внимавам како се однесувам, за луѓето да ме сфатат сериозно''“, и „''Можеш да бидеш и секси и интелигентен и пак да те сфатат сериозно, а можеш и да бидеш секси и да излегуваш секоја вечер во клубови и да не те сфатат сериозно''“, но дека таа „''не е тотално полудена''“. Фокс исто така коментира за тоа како преминала од „''релативно непозната''“ до популарна: „''Дефинитивно се чувствувам неподготвена; знам дека никој не вели „Мислам дека сега е моментот да станам славна личност“, - но дефинитивно мислам дека е премногу рано. Односно, бев само во еден филм што луѓето го гледале''“.
 
Фокс се појави на насловните страни на многу магазини. Во 2007&nbsp;г., се појави во „''Максим''“; во 2008&nbsp;г., на листата беа додадени „''Космо Грл''“, „''Пав Принт''“, „ ''Џек''“ (Италија), „''ЕфЕјџЕм''“ (Велика Британија), и „''ЏиКју''“. Во 2009&nbsp;г. кон листата се приклучуваат и „''ЈуЕсЕј Викенд''“, „''Ескуајр''“, „''Емпајр''“, „''Максим''“, „''ЏиКју''“ (Велика Британија), „''Ентертејмент Викли''“ и „''Ел''“. Според интервјуата на магазините, Фокс беше рангирана на 17-то место за Холивудски лица кои ќе бидат „Идни ѕвезди“, на 16-то место во списанието „''Максим''“ на листата „100-те најжешки жени“ во 2008&nbsp;г., на 68-мо место во додатокот на списанието „''ЕфЕјџЕм''“ за "100-те најсекси жени на светот за 2006&nbsp;г.", на 18-то место на списанието „Максим“ за „100-те најжешки жени за 2007“, на 1-во место во „''Мувифон''“ за „25-те најжешки глумециглумци под 25 години“ во 2008, и на 2-ро место во списанието „''Максим''“ на листата на 100-те најжешки жени за 2009&nbsp;г., во 2009&nbsp;г. Читателите на „''ЕфЕјџЕм''“ во 2008&nbsp;г. ја изгласаа за „Најсекси жена во светот“. Во 2011&nbsp;г., беше рангирана на 14-то место за "100-те најжешки жени на сите времиња" од „''Менсхелт''“. „''Пипл''“ ја именуваше како една од „Најубавите на секоја возраст“ во 2012&nbsp;г. Истата година, Фокс откри дека листите за „најубава жена на светот“ е само дел од работата во Холивуд, и изјави: „''Знаете, таквите листи, а ги има многу, обично, ги одбираат девојките кои глумеле во најголемите мегахитови во таа година''“. Кон крајот на јули 2009&nbsp;г.,неколку машки веб-страни ја бојкотирале поради нејзиното претерано експонирање во дел од медиумите. Блогот за мажи „''Asylum''“ на [http://en.wikipedia.org/wiki/AOL AOL], денот 4 август 2009г, го нарече „Ден без Меган Фокс“ и вети дека на овој ден нема да ја спомнува или да и придава значење ; тие побараа и од другите веб-страни за мажи да го копираат овој нивни став, и неколку (како ''<nowiki>AskMen.com</nowiki>'', ''Just a Guy Thing'', и ''Banned in Hollywood'') се согласија. Ерик Рогел од ''TheBachelorGuy''.com изјави за „''Њујорк Дејли Њус''“„''Видете, ние ја сакаме Меган. Таа привлекува повеќе посетувања на нашите веб- страни отколку која било друга позната личност, и тоа само со една слика каде што се шета по улица во бела маичка. Но време е да посветиме малку внимание и на некоја друга млада глумица''“. Други веб-страни, сепак, одбија да ја бојкотираат Фокс, со изјавата на мрежната страница ''Popeater'' (сестринската веб-страна на ''Asylum'') : „ ''Ние објавуваме работи за Меган Фокс што дури и не се новости, само затоа што знаеме дека сакате, без разлика дали ќе признаете или не''“ , и со нарекувањето на бојкотот како „ ''публицитетен трик''“ и „''лицемерен''“ од страна на списанието „''Коед''“, велејќи дека тие се место за „''Бојкотирање на бојкотот на Меган Фокс''“. Британскиот весник „''Сан''“ го прогласи 4 август за „Ден на Меган Фокс“, велејќи дека таа заслужува да има ден посветен на неа. Како одговор на бојкотот, Фокс во интервјуто во септември 2009&nbsp;г. изјави за списанието „''Нилон''“ дека „''медиумската интензивна кампања''“ за Трансформери резултираше со нејзиното претерано експонирање во медиумите. Таа рече: „ ''Јас бев дел од филм, за којшто студиото сакаше да се осигура дека ќе заработи 700 милиони американски долари, така што ги презаситуваа медиумите со своите ѕвезди. Не сакам луѓето да се заситат од мене, уште пред да направам нешто со што ќе го оправдам тоа''“. Во 2010&nbsp;г., Фокс беше многу малку истакната во медиумите, поради тоа што глумеше во филмови кои беа помалку комерционално успешни како, Џона Хекс и Игра на страста. Неодамнешни извештаи сугерираа дека „ ''изгледа како со години да не сме слушнале ништо за Меган Фокс''“; сепак, нејзината бременот во 2012&nbsp;г. и улогата во Пријатели кои имаат деца (Friends with Kids) го свртеа вниманието кон неа во 2012&nbsp;г.
 
На 11 септември 2009&nbsp;г. се појави непотпишано писмо од тројца членови на филмската екипа на Трансформери, во кое тие го бранат Мајкл Беј од обвиненијата на Фокс за неговото однесување при снимањето, и споредбата со Адолф Хитлер. Во писмото се наведува дека Фокс не е пријатна за време за снимањето и ја обвинуваат за неграциозно однесување што се разликува од нејзината јавна личност. Беј ја бранеше Фокс и рече дека не го „''одобрува''“ писмото. Асистентот на продукцијата, Антони Стеинхарт, исто така ја бранеше, изјавувајќи дека никогаш не сведочел настан каде што г-ца Фокс била груба или невнимателна со чувствата на луѓето или со работата.