Многу голем телескоп: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Јазично подобрување, replaced: дијаметар → пречник
Ред 23:
[[Податотека:Eso-paranal-16.jpg|мини|десно|300px|Внатрешноста на еден од телескопите (Анту)]]
 
'''Многу голем телескоп''' или '''МГТ''' ({{lang-en|Very Large Telescope}}, ''VLT'') – многу голем телескоп) – голем [[оптичка астрономија|оптички]] [[телескоп]] на светот сместен во [[Чиле]] во [[пустина]]та [[Атакама]]. МГТ е назив на четирите телескопи на Европската јужна опсерваторија (англиски, ''European Southern Observatory'' – ESO) сместени на висорамнината Серо Паранал во Чиле со огледала со пречник од 8,2 м. Може да се користат самостојно или заедно (заедно имаат ефективност како еден телескоп со пречник на огледалото од 16,4 м). Имињата на поедините телескопи на старочилеанскиот јазик мапуче и нивните значења се: Анту (Сонце), поставен во 1998 година, Куејен (Месечина), поставен во 1999 година, Мелипал (Крст), поставен во 2000 година и Јепун (Сириус), поставен во 2001 година.
 
Поврзани меѓусебно како и со помошните телескопи, со нив може да се видат многу поединости на небото. На пример, астронаут кој оди по површината на [[Месечина]]та<ref> [http://www.eso.org/public/teles-instr/vlt.html] "The Very Large Telescope", publisher=ESO, 2011.</ref>. Најинтересното (и најголемото зголемување) на сликата се добива кога повеќе телескопи посматраат исто небеско тело. Оваа техника се нарекува оптичка синтеза или интерферометрија. Постојат повеќе техники на интерферометрија:
*VLA (англ. Very Large Array): интерферометриски систем со голем број [[антена|антени]], т.е. со низа [[радиотелескоп]]и со помали пречници. Антените можат да бидат меѓусебно физички поврзани. Резолуцијата на системот е меѓу 0,13" и 2".
*VLBA (англ. Very Long Base Array): интерферометриски систем со многу долга база. Така американската VLBA-низа се состои од 10 идентични 25-метарски радиотелескопи, распоредни од [[Хаваи]], преку американската територија до [[Девствени Острови|Девствените Острови]]. Резолуцијата на системот е до 0,0002".
Ред 31:
 
==Основни податоци==
Многу големиот телескоп моментално е најпродуктивната и најмоќната опсерваторија на планетата, која се наоѓа на платото Серо Паранал на надморска висина од 2 400 м. МГТ се состои од четири главни телескопи со дијаметарпречник на примарното огледало од 8,2 м и од четири помошни, подвижни телескопи со пречник од 1,8 м. Со оглед на неговото научно значење и својствата, годишно се добиваат 4-6 пати повеќе барања за негово користење од бројот на расположливи часови.<ref> [http://www.eso.org/public/products/brochures/vlt_handout/] "The Very Large Telescope — The World’s Most Advanced Visible-light Astronomical Observatory handout", publisher=ESO, 2011.</ref>
 
Иако по големината на примарното огледало МГТ не е најголем (Гран Канарија, пречник 10,4 м; Кек, пречник 10 м), негова предност во однос на другите е тоа што поедините телескопски единици може да се сложат во интерферометар, давајќи им на астрономите можност за посматрање на небото до најситни детали, како да го посматраат низ многу поголем телескоп. Индивидуалните телескопи може да бидат сложени во група од два или три, но и да бидат користени поединечно, што е и најчест случај.
Ред 39:
Четирите главни телескопи ги добиле имињата по старочилеанскиот мапуче јазик за Сонцето, Месечината, најпознатото јужно [[соѕвездие]] Јужен Крст и [[Венера (планета)|планетата Венера]]: Анту, Куејен, Мелипал и Јепун. Имињата биле избрани во текот на натпревар кој бил распишан во [[основно училиште|основните училишта]] во Чиле.
 
МГТ е опремен со 15 научни [[мерен инструмент|мерни инструменти]], за чија изработка се користени последните [[технологија|технологии]]. Иако телескопот Гран Канарија и двата телескопи Кек имаат поголеми примарни огледала од МГТ, со сите пропратни научни инструменти, како и со можноста за сложување на поединечните телескопи во интерферометар, МГТ е најмоќниот оптички телескоп на светот. Битно е да се напомене дека опсегот на снимање на МГТ ја опфаќа ултравиолетовата, но и инфрацрвената светлина, која ни открива за [[вселена]]та многу повеќе од видливата светлина.
 
==Наводи==
Ред 46:
{{Commons|Very Large Telescope}}
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Телескопи]]
[[Категорија:Опсерватории во Чиле]]