Хокеј на мраз: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Развој на хокеј на мраз: Јазично подобрување, replaced: Ривалст → Соперништ
с →‎top: Правописна исправка, replaced: превзе → презе
Ред 3:
{{без извори}}
 
'''Хокеј на мраз''' или скратено само '''хокеј''', е екипен спорт кој се игра на мраз, во кој лизгачите користат дрвени или композитни палки за да погодат со плочка, направена од тврда гума, во противничкиот гол. Играта се игра на мразот помеѓу два тима од по шест играчи во една игра (освен ако има прекршок). Еден тим обично се состои од четири линии од кои три се за напад, 3 пара одбрана и двајца голмани. По пет играчи од двата тима лизгаат низ мразот и се обидуваат да ја превзематпреземат плочката и да дадат гол против противничкиот тим. Секој тим има голман кој се обидува да ја запре плочката да влезе во голот или "мрежата".
 
Како динамичен спорт, хокејот на мраз е е најпопуларен во области кои се доволно ладни за природна,безбедна и сезонска ледена покривка како што се Канада, Чешка, Финска, Германија, Латвија, Норвешка, Русија, Словачка, Шведска, Швајцарија и САД. Со изградбата на затворени вештачки лизгалишта, хокејот на мраз стана хоби во текот на целата година во овие области. Во Северна Америка, Националната хокеј лига (НХЛ) е на највисоко и најпопуларно ниво за мажи. Кандската хокеј-лига за жени (CWHL) и Западната хокеј-лига за жени (WWHL), се на највисоко ниво за жени. Тоа е службен зимски спорт на Канада, каде што играта е многу популарна. Првата организирана игра се одигра на 3 Март 1875 година во Монтреал, Канада. Иако Меѓународната хокеарска федерација (ИИХФ) има вкупно 68 членови, 162 од 177медали во ИИХФ Светското првенство се освоени од овие седум држави: Канада, Чешка, Финска, Русија, Словачка, Шведска и САД . Од 64те медали доделени на машките натпревари на Олимписко ниво од 1920 година, само шест медали не беа доделени на една од тие земји. Сите 12 Олимписки медали и 36 медали од ИИХФ Светско Првенство за жени, беа доделени на една од овие седум земји, а секој златен медал и во двете натпреварувања беше освоен од Канда или од САД.