Хари Потер и Редот на фениксот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Форматна исправка на датуми, replaced: јуни]], 2 → јуни 2 (2), август, 2 → август [[2
с →‎Заплет: Правописна исправка, replaced: превзе → презе
Ред 53:
Поради големиот број на ученици кои се скептични поради враќањето на Волдеморт, Хермиона уценува новинар (и нерегистриран анимагус) Рита Скитер да напише поволна приказна со сведочењето на Хари за враќањето на Волдеморт. Ученичката од Рејвенкло, Луна Лавгуд, блиска пријателка на Џини Визли, се расправа со својот татко да ја објави приказната во неговиот весник, Ситничар. Бесна, Амбриџ го забранува списанието во училиштето, но приказната се шири со брзина на светлината, собирајќи поддржувачи на Хари. Многумина во волшебничката заедница сега веќе му веруваат на Хари.
 
Хермиона го убедува Хари тајно да ги учи учениците на Одбрана од Мрачните Вештини. Иако во почетокот се противи, Хари на крајот прифаќа. Името на нивната тајна група е „Дамблдоровата Армија“, или Д.А. на кратко, за да му се исмеваат на Министерството за Магија, кое се плаши дека можеби Дамблдор гради тајна волшебничка армија за да го превземепреземе истото. Кога Амбриџ ги откива состаноците на групата, што е благодарение на пријателката на Чо Ченг, Мариета Еџкомб, Дамблдор тврди дека тој ја организирал. Соочен со два аурори, Џон Доулиш и Кингсли Шеклболт (кој не му е лојален на Министерството, туку на Дамблдор), министерот Фаџ и Амбриџ, Дамблдор лесно ги разоружува и спектакуларно заминува со помош на својот феникс, Фокс. Амбриџ е назначена за директорка и наметнува уште построга контрола. Близнаците Визли, на кои им е преку глава од се, дигаат побуна, предизвикувајќи хаос во училиштето додека персоналот не прави ништо за да и помогне на Амбриџ да си ја поврати контролата. Ова го означува крајот на волшебничкото образование на Фред и Џорџ, кои сега се слободни да се преселат во Дијагон Алејата и да го отворат својот дуќан Волшебничките Враголии на Визлиеви.
 
Хари добива визија дека Сириус е измачуван во Секторот за Мистерии, иако Хермиона се сомнева дека може да биде стапица. Хари очајнички се обидува да го контактира Сириус на улица Гримолд со помош на Лет Мрежата од огништето во канцеларијата на Амбриџ, но тој е фатен на дело. Амбриџ открива дека таа била таа која ги пратила дементорите да го нападнат Хари за време на летото. Во моментот кога таа сака да ја употреби Крутиатус Клетвата врз него, Хермиона тврди дека Дамблдор скрил моќно оружје во Забранетата Шума. Таа ги носи Хари и Амбриџ во Шумата каде тие среќаваат кентаури. Амбриџ будалесто ги навредува и лутите кентаури ја земаат Амбриџ и ја носат длабоко низ дрвјата додека таа вреска на цел глас. Кога џинот, полубрат на Хагрид, Гроп истапува на сцената, Хермиона и Хари бегаат среде хаосот.