Стефан Душан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Византискиот император → Византискиот цар (4), император → цар (8), Император → Цар
с Правописна исправка, replaced: превзе → презе (2)
Ред 37:
== Втората етапа од освојувањата кон Византија ==
 
Византискиот цар [[Андроник III Палеолог]] успеал да ја обнови византиската власт во копнена Грција, односно Тесалија каде што умрел обласниот господар севастократорот Стефан Гавриопол којшто бил потомок на лозата на Ангелите. Во 1336 г. успеал да ја воспостави својата власт над Тесалија. Дошло до измена на етничкиот состав на населението. Започнало спуштање на Власите во рамничарските предели и селење на Албанците на југ. Андроник сакал сојуз со Србите заради војната ви Епир. Станувало збор за територија под власт на Анжујците каде што живееле Албанци кои се колебале помеѓу Србите Франките и Византијците. Неколкумина Албански балгородници му ветувале на напулскиот крал Роберт дека ќе се одмедтнат од српскиот крал доколку неговата војска дојде во Албанија. Ова било поврзано со настаните во Берат и Валона каде што албанските сточари опустошувале византиски градови и тврдини. Меѓутоа уште истата 1337 година драчкиот капетан Гијем де Сенсеверино бил заробен од страна на кнезот Танусиј Топиј којшто бил господар на областа меѓу реките Мата и Шкумби. Поради ова царот Андроник превзелпрезел поход прротив Албанците при што им одзел поголем дел од стадата и на жителите на тие градови им ја надокнадил штетата. На седумдневниот состанок во Радовиш биле потврдени добрите односи меѓу Србија и Византија. Пријателските односи меѓу Србија и Византија траеле до смрта на царот Андроник во јуни 1341 г. На византискиот престол застанал малолетниот син на Андроник Јован V Палеолог (1341-1391). Во византиските владеачки кругови дошло до несогласување околу тоа кој треба да биде регент на малолетниот цар. Како резултат на тоа дошло до нова граѓанска војна во Византија. Ова му одело во прилог на кралот Стефан Душан. За регент на малолетниот цар била избрана неговата мајка Ана Савојска, која била подржувана од Алексиј Апокавт кој бил по потекло од мала Азија. Со тоа не се сложил Јован Кантакузин кој бил истакнат византиски феудалец и најверен соработник на царот Андроник. Против него билоа создадена опозиција на чело со Алексиј Апокавк и цариградскиот патијарх Јован Калекас.
[[File:Loza nemanjica.jpg|thumb|right|''Лозата на Неманиќите'', Фреска во манастирот Високи Дечани.]]
Тогаш Стефан Душан со своја војска дошол пред Солун,но тамошниот византиски адмирал Јован Гавалс го убедил да не прави ништо. Бугарскиот цар [[Иван Александар]] нападнал на Сливен којшто се наоѓал на јужната граница и побарал да му се предаде неговиот противник Страцимир Шишман, и застанал на страна на царот Јован Палеолог, со чија сестра бил оженет неговиот син [[Михаил Асен]]. Под притисок на опозицијата [[Јован Кантакузин]] морал да се повлече во Тракија и во октомври 1341&nbsp;г. се прогласил за цар во тврдината Димотика на реката Марица. Така започнала новата граѓанска војна во Византија (1341-1347). Во војските и на едната и на другата страна имало турски платеници. Јован Кантакузин останал само со 2000 приврзаници и побарал помош од Србија. Во јули 1342&nbsp;г. тој се состанал со кралот Душан во Приштина каде што бил склучен сојуз за заедничка борба против византиската власт. Било договорено секој да ги задржи териториите што ќе ги освои. „Царот, по неговиот совет, тргнувајќи малку погоре, лесно ја премина реката и се состана со Оливер. Тој му пристапи на царот како на господар и му искажа секаква почит. Го одвел дома и три дена со целата војска пријателски го гоштевал“<ref>Византиски извори за историју народа Југославије, Том VI, Beograd 1986, 384-402</ref>. Кантакузин се обидел да го заземе Солун, но без успех. Сојузот со Јован Кантакузин му овозможил на Душан да ги продолжи освојувањата. Го опседнал Воден којшто бил важна точка на патот од Солун до Охрид. По склучување на договорот во Приштина тие двајца заедно го нападнале Сер. Ова операција ја предводеле Оливер и Вратко. Населението на Сер не сакало да се предаде. Во српскиот табор се појавила болест од која умреле 1500 војници. Тоа било причина Канатакузин да го напуштат голем број негови луѓе. Му останале верни околу 500 војници. Во меѓувреме Стефан Душан ги зазел Воден, Струмица и Мелник. Кантакузин ја зазел Тесалија. Во овој период во Епир пристигнала царицата Ана. Таа му ги нудела на Душан сите византиски градови западно од Крстопол и Филипополис а за возврат да и ја даде главата на Кантакузин. Но Душан не го прифатил предлогот. Во пролетта 1343 год војските на Душан и Кантакузин се појавиле повторно пред Сер. Апокавк со своја флота од 70 бродови дошол на брегот на Струма сакајќи со посредство на Хреља да преговара со Душан. Но до оваа средба не дошло. Наскоро починал и Хреља. Населението На Сер и понатаму одбивало да се предаде. Пратеникот на Кантакузин кој ги повикувал да се предадат бил убиен. Царицата Ана побарала помош од Венецијанците за борба со Турците. Во меѓувреме Кантакузин го зазел Бер. Стефан Душан го повикал Кантакузин да дојде во неговиот двор за да се договорат за војна со Унгарците, но тој не сакал да дојде на српскиот двор. Душан се договорил со царицата Ана, при што неговиот син Урош бил свршен со сестрата на Јован Палеолог.
Ред 56:
=== Сплетките со Византија и неговата смрт ===
 
Во 1348 умрел од чума византискиот намесник на Тесалија и Епир. Тоа го искористил Душан и влегол со војска во Епир и ги запоседнал Јанина, Арта и останати градови сè до териториите под власт на Анжујците. Албанците кои биле непријателски настроени спрема Византијците служеле во редовите на српската војска. Српскиот војсководец Прељуб ја завзел цела Тесалија. Кон крајот на 1348&nbsp;г. тој стигнал до околината на градот Птелеа на западниот брег на заливот Воло. Венецијанците се понудиле за посредници со цел да се постигне мир меѓу Византија и Србија. Но царот Душан не сакал мир со Византија туку сакал да ги придобие Венецијанците за сојузници во војната со Византија. Тој им нудел на Венецијанците да им го отстапи епирското деспотсво или Ѓеновскиот град Перу. Венецијанците одбивале да стапат во сојуз со Србите против Византија. Тие веќе биле во војна со Ѓенова заради трговија на Црно Море и сакале да постигнат мир со Србите и Босанците. Царот Душан во 1350&nbsp;г. тргнал со војска против Босна. Стигнал до Неретва и го освоил градот Нов и тргнал према Цетина. Византијците започнале нова офанзива. Србите се повлекле. Босанците повторно запоседнале градови во Захумје. Босанскиот кнез Вук Вукославиќ го зазел градот Нов. Набрзо потоа умрел банот Стефан и на негово место дошол Твртко I. Византијците превзелепрезеле нов поход во Македонија. Обласните господари формално ја признавале византиската власт, но и понатаму останувале независни. Тие му се заканувале на Кантакузин дека ќе им ги отворат градските капии на Србите, а на царот Душан му порачувале да не војува против нив бидејќи тие се одметнале од византискиот цар. Меѓу нив дошло до раскол. Алексиј Метохит го викнал на помош Кантакузин а Андрија Палеолог Србите. Јован Кантакузин со одред од византиски и турски војници упаднал во српските области. Најпрвин бил нападнат градот Бер. Српските војници кои го бранеле градот биле принудени да се предадат. Кантакузин тргнал со војска во Воден. Српските војници кои го бранеле градот му се предале. Му се предале и помали градови како Остров и Нотија. Кантакузин оттаму тргнал преку Сервија за Тесалија. Тука имало 3 тврдини кои Прељуб со свои 500 војници успеал да ги одбрани и со тоа успеал да ја сочува Тесалија. Кантакузин се вратил во Солун. Царот Душан со своја војска дошол пред Солун. Започнале преговори меѓу Србите и Византијците. Душан како услов за мир барал да се врати границата од пред војната. Кантакузин барал на Византија да им се вратат Тесалија и Епир, а за возврат да им ги остави на Србите внатрешноста на Македонија со градовите Сер, Мелник, Струмица и Костир. Душан се сложил со тоа. Меѓутоа во таборот на Србите дошле претставници на Византиските власти кои барале сојуз за борбата против Кантакузин. Душан прифатил и го раскинал мирот со Кантакузин. Царот Душан ги завзел Воден и Бер. Царот Душан склучил сојуз со Османлискиот султан Орхан нудејќи му ја својата ќерка на еден од Орхановите синови. Царот Душан го наговарал царот Јован Палеолог да започне војна против Кантакузин. Јован Палеолог сакал да се разведе од царицатата Елена и да се ожени со сестрата на српската царица. Кога за ова дознал Кантакузин ја испрстил царицата Ана во Солун за да ги спречи овие планови. Дошло до нова граѓанска војна во 1352&nbsp;г. На Балканот за засилила опасност од Турците Османлии предводени од синот на Орхан Сулејман. Византискиот цар ги повикал на помош Бугарите и Србите. Неколку илјади српси и бугарски војници се појавиле кај Димотика. Во Битката кај Димотика Турците ги поразиле сојузничките српски, византиски и бугарски војски. Дошло до смената на византискиот престол. За нов цар бил избран Матија. По поразот на Србите кај Димотика Царот Душан размислувал за војна против Турците. Папата му дал поддршка на Душан да војува против Турците. Но наместо тоа избило војна меѓу Србија и Унгарија. Кралот Лудвиг бил во Белград каде што бил царот Душан во јуни 1354&nbsp;г. Во редовите на унгарската војска се појвила некоја зараза и тие морале да се повлечат. Во пролетта 1355 царот Душан одржал државен собор во Крушишта на југ од Костур. Соборот бил прекинат бидејќи папата го потикнувал унгарскиот крал Лудвиг да за почне нова војна со Србите. Во мај 1355&nbsp;г. бил постигнат мир меѓу Србија и Унгарија. Во септември 1355&nbsp;г. Млетќаните и нуделе на кнегињата Елена да ги купат Клис и Скрадина. За овие територии бил заинтересиран и унгарскиот крал Лудвиг потпомаган од Босанците. Царот Душан поставил воена посада во овие два града. Тој не го дочекал крајот на овие настани бидејќи умрел на 20 декември 1355&nbsp;г. Бил погребан во Манастирот Свети Архангели кај Призрен. [[Слика:Grave of Emperor Dušan.jpg|десно|мини|Гробот на цар Душан во манастирот св. Арахангели во Призрен]]
 
==Стефан Душан како тема во уметноста==