Роналд Реган: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Форматна исправка на датуми, replaced: февруари, 1 → февруари 1, јуни, 2 → јуни 2
с →‎top: Правописна исправка, replaced: превзе → презе
Ред 6:
Реган е роден и пораснат од сиромашна фамилија во малото гратче во северниот дел на [[Илиноис]]. Во 1932 година дипломирал на Универзитетот Еурека каде работел како спортски коментатор на неколку регионални радио станици. По преселувањето во [[Холивуд]] 1937, тој станува глумец и започнува да работи за неколку важни продукции. Роналд Реган бил избиран за претседател на Screen Actors Guild [https://en.wikipedia.org/wiki/Screen_Actors_Guild], синдикалната унија за глумеци каде работел со цел да го отстрани комунистичкото влијание од истата. Во 50-те тој преминува на телевизија каде работел како мотивациски говорник. Тој сè до 1962 година ги прифаќал идеалите на Демократската партија, од 1962 до крајот на својот живот тој ќе биде голем бранител на [[Републиканска партија (САД)]] и чувар на конзервативната политичка мисла.
 
Политичката кариера ја започнува како [[гувернер]] на [[Калифорнија]]. Како гувернер, тој ќе биде реизбран на функцијата во [[1970]]. Потоа Реган во 1968 и 1976 година двапати ќе се обиде да биде номиниран за претседател на САД од страна на Републиканската партија, но тие обиди нема да бидат успешни. Четири години подоцна во 1980 година, тој на лесен начин ја освојува Републиканската номинација и со победа над тогаш актуелниот претседател [[Џими Картер]], станува најстариот избран претседател на Америка. Со превземањепреземање на функцијата претседател, тој имплементирал нови политички и економски иницијативи. Дел од неговите популарни политики биле намалување на даночните стапки, економска дерегулација и намалување на владините трошоци.
 
Во својот прв мандат тој преживува еден атентат, но тоа нема да го предомисли или пренасочи во друг правец на размислување и делување, напротив тој ќе продолжи да ги реализира своите конзервативни политики кои позитивно ќе влијаат врз економијата на САД, инфлацијата ќе бележи пад од 12,5 % на 4,4 % со просечен годишен раст на Бруто-домашен производ од 3,4. Економските политики во неговиот прв мандат биле приоритет, додека во вториот тој се насочува кон надворешната политика. На неговата список на приоритети ќе биде ставено прекинувањето на студената војна, бомбардирањето на Либија, обединувањето на Германија и подобрување на односите со Советскиот Сојуз. Роналд Реган на еден симболичен начин преку неговиот јавен говор пред Брандербуршката капија во Берлин ќе го предизвика претседателот [[Михаил Горбачов|Михаил]] Горбачов со позната реченица “Mr. Gorbachev, ''Tear Down This Wall!''” или Г-дине [[Михаил Горбачов|Горбачов]] , срушете го овој ѕид,<ref>{{Наведено списание|date=2018-01-14|title=Tear down this wall!|url=https://en.wikipedia.org/w/index.php?title=Tear_down_this_wall!&oldid=820352573|journal=Wikipedia|language=en}}</ref> сакајќи да покаже отвореност и демократско водство. Долгите разговори,дипломатските пресметувања помеѓу Реган и Горбачов ќе резултираат со договор (INF Treaty<ref>{{Наведено списание|date=2017-12-11|title=Intermediate-Range Nuclear Forces Treaty|url=https://en.wikipedia.org/w/index.php?title=Intermediate-Range_Nuclear_Forces_Treaty&oldid=814903310|journal=Wikipedia|language=en}}</ref>), кој ќе ги обврзе двете страни да ги намалат нуклеарните арсенали.<ref>{{Наведена книга|title="The Evil Empire"|last=Gingrich|first=Newt|publisher=American Heritage|year=July 22, 2010|isbn=|location=|pages=}}</ref> Само десет месеци откако ќе замине од функцијата, Берлинскиот ѕид ќе биде срушен.