Покер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Накратко: Правописна исправка, replaced: често пати → честопати (2)
с →‎top: Правописна исправка, replaced: превзе → презе
Ред 3:
Покер игрите се разликуваат според тоа, како се делат картите, можноста за формирање покер комбинации, дали појаките или послабите карти победуваат кога има тесна борба за победа (во некои игри добивката се дели), ограничувањата на големината на облогот, и колку рунди на обложување се дозволени.
 
Во повеќето модерни покер игри, првата рунда започнува со некој вид на приморан облог од страна на еден од играчите. Во стандардниот покер секој играч се обложува дека неговата покер комбинација ќе биде најсилна. Акцијата потоа продолжува надесно и секој играч на ред ако сака да продолжи мора или да го достигне максималниот претходен облог или да се откаже губејќи ја дотогашната обложена сума и откажувајќи се од делењето. Играчот којшто ќе продолжи има можност и да го зголеми облогот. Кругот завршува кога сите играчи или се откажале или продолжиле понатака. Доколку сите освен еден играч се откажат во било која рунда, тогаш играчот што останал ги добива дотогаш вложените пари и може да бира дали ќе ја покаже или не својата покер комбинација. Доколку повеќе од еден играч остане на соочување после последната обложувачка рунда , нивните комбинации се откриваат и играчот со победничката комбинација го добива влогот. Со исклучок на првите принудни облози, пари се вложуваат доброволно од страна на секој играч кој (барем е така во теоријата) има основано верување дека неговиот облог има позитивна очекувана вредност. Иако, исходот на секое посебно делење значително зависи од можноста да се добие или не, долгорочните очекувања на играчите зависат од нивните акции превземенипреземени врз основа на можности, психологија и теорија.
 
Покерот станува популарен уште од почетокот на дваесетиот век, и преминува од рекреативна активност практикувана од мали групи на мажи, до широко популарна активност со интернационална публика и мултимилионски награди на покер турнирите, со женскиот дел од публиката кој постојано се зголемува.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Покер