Петар Митров: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎Животопис: Правописна исправка, replaced: превзе → презе
Ред 22:
Петар Митров е роден на 22 јуни 1942 г. во [[Миравци]], Гевгелија. Во Скопје живее од своето рано детство. Во овој град го стекна основното, осумгодишно образование, љубовта кон градот, неговата архитектура, калдрмите, старата чаршија, градската плажа и прекрасниот градски парк. Тука ги почувствува уметноста, спортот, другарството, опојноста на корзото и градските кина, безгрижноста и слободата на младоста.
 
По завршувањето на [[Училиштето за Применета Уметност]] во Скопје своите студии ги продолжи на [[Академијата за Применета Уметност]] во Белград. За завршната работа добива специјална награда од Сојузната стопанска комора. Пет години по катастрофалниот земјотрес, Митров се враќа во новоизграденото Скопје и работи во фабриката Треска во одделите за дизајн и производство на туристички приколки и мебел. Набрзо превземапрезема поголема одговорност во улога на технички директор кој своите творби и иновации ги претстави на домашните и странските меѓународни саеми, пазарите и патиштата во Европа.
 
Со сликарството Петар се бави од раното детство кога на возраст од 14 години го почувствува мирисот на маслените бои и нивната магична моќ. Заедно со идните сликари и креативци: Кубуровски Спиро, Минов Панче, Костовски Илија и Андонов Петар ги сликаа улиците на Скопје, пејзажите на градската плажа Сарај, Водно и Матка. Во ателјето што им го даде управата на [[ДТВ ПАРТИЗАН/1]], како членови и активни спортисти, деновите ги поминуваа во сликање и вежбање во салата и спортските терен.