Февруарска револуција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Замена на Image:Patrol_of_the_October_revolution.jpg со Image:Patrol_of_the_February_revolution.jpg (од страна на CommonsDelinker поради: File renamed: Criterion 3 (obvious error)).
Нема опис на уредувањето
Ред 34:
== Повод, почеток, тек и крај на револуцијата ==
До [[Прва Светска воjнавојна|Првата Светска Воjна]], Царска Русија била заостаната земја, во коja постоеле длабоки општествено–економски противречности. Иако имала прилично развиена индустрија, таа многу заостанувала зад другите капиталистички земjи во [[Европа]].<ref name="autogenerated1">ibid 9</ref> Тешките економски, социјални и политички прилики во Русија, биле причина и за големите порази на руската воjска на фронтот. Руската воjска не била подготвена и опремена за подолготраjно воjување.<ref>ibid 7-8</ref> Тоа не му сметало на царскиот режим, поради што продолжил да настоjува за продолжување воjната и покраj големите загуби. Ваквата политика на режимот, покраj поразите на фронтот предизвикале големо незадоволство во редовите на воjската. Се појавило и општо незадоволство кај широките народни маси, кое се манифестирало преку многуброjни штраjкови и демонстрации против царскиот режим и воjната.<ref name="tames">{{Наведена книга|last=Tames|first=Richard |title=Last of the Tsars|publisher= Pan Books Ltd|location=London|date=1972}}</ref>
Демонстрациите достигнале кулминација во февруари, по стар, односно во март, по нов календар, [[1917]] година. На [[23 февруари]], односно [[8 март]] [[1917]] година избувнал генерален штраjк на работниците во [[Петроград]], денешен [[Санкт Петербург]]. Тоа го искористила [[Болшевичка Партија|Болшевичката Партија]], на чие чело се наоѓал [[Ленин|Владимир Илич Ленин]], покренуваjќи ги народните маси да го урнат [[царизам|царизмот]]. Во наредните денови, ова движење прераснало во вистинско вооружено востание во Петроград. Воjската испратена да го задушува востанието преминала на страната на востанатиот народ, работниците и селаните.<ref>ibid 6</ref> На [[27 февруари]], односно [[12 март]] [[1917]] година, Петроград бил завземен од вооружените одреди на востанатиот народ. Царот [[Николаj II]] абдицирал. Така, со Февруарската буржоаско – демократска Револуција бил соборен царизмот во Русија. Власта ја приграбила буржоазијата и формирала Привремена влада во која што власта им припаднала на демократите предводени од страна на [[Александар Керенски]].<ref name="autogenerated2">ibid 91</ref> Февруарската Револуција имала буржоаско–демократски карактер. По неjзиното завршување во Русија било воведено двовластие. Покраj Привремената влада, постоеле и деjствувале и Советите на работничките и воените депутати, односно делегати, кои произлегувале од народот.