Жан Пол Мара: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: Рe → Ре (2)
с →‎Симон Еврар (април 1792): Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: Eт → Ет
Ред 154:
 
=== Симон Еврар (април 1792) ===
Врз одлуката на Мара да се врати на револуционерното новинарство во април 1792 година влијаела една извонредна жена што ја сретнал. Некаде во 1790 година тој ги запознал сестрите Еврар, Катрин, EтиенетЕтиенет и Симон - работнички девојки од Бургоњ кои се преселиле во Париз да најдат работа. Сопругот на Катрин, Жан-Антоан Корн, бил печатар кој работел за ''L'Ami du Peuple'' и го познавал Мара лично. Преку оваа врска Мара ги запознал сестрите Еврар, сите три огнени партизанки на Револуцијата. Во октомври 1791, тој ја побарал нивната помош за да ја избегне полицијата на Лафајет и бил поканет да остане во нивната куќа на улица Сен Онор, бр. 243.
 
Една од сестрите, Симон, станала девојка на Мара и, макар што без црковна или граѓанска церемонија, негова сопруга. Нивната врска траела до смртта на Мара, после неговото убиство таа станала позната како „вдовицата Мара“. После 31 година упорно бранење на споменот за Пријателот на Народот низ тешките времиња на Термидорската реакција, Империјата на Наполеон и Реставрацијата на Бурбоните, таа умрела во сиромаштија во 1824 година.