Галилео Галилеј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Додадена категорија
с Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: Aј → Ај, Aр → Ар
Ред 19:
Во 30-тите години на 17 век, додека бил во домашен притвор поради подржувањето на хелиоцентричната теорија на вселенските тела, Галилеј направил низа огледи, меѓу кои најпознат е оној со топките што ги тркалал низ два накосени дрвени жлеба.
Тркалајќи ги топките по накосувањето, на Галилеј му било овозможено на разумна мера да го забави забрзувањето на предметите во падот. Мерејќи го времето за кое топката поминува одредена оддалеченост низ патеката, можел да го пресмета забрзувањето, а менувајќи го накосувањето, можел да го смени и забрзувањето. За проучување на намалувањето на брзината, тој ја стркалал топката низ една патека и и дозволил да се качи по патека спроти неа. Галилеј немал часовник, но смислил гнијален начин да го мери времето според сопствениот пулс или според количеството вода исфрлена од садот додека топката преминувала одредена оддалеченост.
Галилеј сфатил дека во забавувањето на предметите клучно е дејството на триењето. Предметите немаат природна тенденција за забавување туку токму спротивното: предметот во движење ќе се движи со иста брзина доколку нешто не го забави, а обично таа сила е триењето. Всушност, Галилеј сфатил дека не постојат вистински разлики меѓу предметот што се движи со иста брзина и предметот што воопшто не се движи – на ниту еден не дејствуваат сили. силата е потребна да го забрза предметот, да го забави или да го придвижи. Ова е принцип на [[инерција]] – тенденција на предметот да не реагира на промената во движење, без оглед дали се движи или мирува. Галилеј исто така увидел дека е невозможно да се разликува предметот во постојано движење од тој што мирува без одредена точка; ова мислење претставува основа на [[Теорија на релативноста|теоријата на релативноста]] на [[Алберт Ајнштајн|AјнштајнАјнштајн]] во почетокот на 20 век. Галилеј подоцна утврдил дека стапката на забрзување зависи од моќта на силата и тежината, т.е. масата на предметот чие движење се забрзува.<ref name="a"/>
Концептот на инерцијата го решил проблемот со стрелата. Стрелата лета иако инерцијата е доминантна, но гравитацијата постојано ја влече надолу. Галилеј покажал дека спојот на инерцијата и гравитацијата значи дека патеката на проектилот, на пр. на стрелата низ воздухот, ќе биде крива линија позната како парабола. Влијанието на воздушниот отпор е да ја забави стрелата така што таа ќе падне. Идеите на Галилеј биле огромен чекор напред во разбирањето на силата на движењето, и претставувале темел за работата на [[Исак Њутн]] и неговите три [[Њутнови закони|закони за движењето]]. Првите два [[Њутнови закони|закони на Њутн]] се всушност преправено откритие на [[инерција]]та на Галилеј и на сфаќањата дека забрзувањето зависи од релативната димензија на силите и на предметите, односно масата на предметите. Така откритијата на Галилеј се во основата на нашето знаење за буквално секое движење во вселената, од движењето на атомите до кружењето на галаксиите.<ref name="a"/>
==Натамошни истражувања==
[[Податотека:04. Галилеево топче.ogv|мини|десно|250п|Опит со Галилеево топче кој ја прикажува различната [[пловност]] на едно исто тело во зависност од средината во која се наоѓа. Во [[вода]], топчето има извесна пловност, но кога на неа ќе ѝ се додаде [[етанол]] (кој има помала густина), тој ја разретчува и топчето потонува подолу (има намалена пловност). <small>Извел: проф. Оливер Зајков. Институт за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.</small>]]
[[Податотека:05. Епрувета што плива и тоне.ogv|мини|десно|250п|Опит со [[епрувета]] што плива и тоне. Епруветата е полна со воздух и ставена во пластично шише со вода. Кога шишето ќе се притисне, водата се накачува, таа има повеќе потисок врз епруветата, намалувајќи ја нејзината [[пловност]] и со тоа таа оди подолу. <small>Извел: проф. Оливер Зајков. Институт за физика, ПМФ, Скопје.</small>]]
Во 1609г. Галилеј слушнал за стаклото што зголемува, што го открил холандскиот оптичар [[Ханс Липерсхеј]]. Иако никогаш не се запознале, Галилеј констуирал свој инструмент и потоа ја зголемил моќта на зголемувањето од 3 до 30 пати, изработувајќи го така првиот астрономски [[телескоп]]. Галилеј заработил малку пари или добил некакви ветувања кога ѝ го понудил [[телескоп]]от на војската, а потоа го употребил инструментот за набљудување на небото. Прво забележал дека [[Месечината]] не е мазна и совршена сфера како што тврдел AристотелАристотел, туку нерамна, релјефна површина со планини и со [[кратер]]и. На 7 јануари 1610 г. Галилеј го набљудувал [[Јупитер]]. Видел обоени прстени на планетата, но и чудни светли точки, две од десна страна на планетата и една од левата. мислел дека тоа се оддалечени ѕвезди, но следната ноќ уочил дека сите три точки преминале на левата страна од [[Јупитер]]. Кога на 13 јануари видел уште една светла точка, сфатил дека тоа не се [[ѕвезди]], туку четири мали месечини – [[јупитерови месечини|сателити]] – што кружат околу планетата. сите биле вчудовидени бидејќи знаеле дека Земјата е во центарот на вселената, но тие четири сателити кружеле околу [[Јупитер]], а не околу [[Земјата]]. Сателитите кои ги добиле имињата Ио, Европа, Ганимед и Калиста, денес во негова чест се викаат месечините на Галилеј.<ref name="a"/>
 
==Временска одредница==