Аминта I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: Aлександар → Александар
с →‎top: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: Aк → Ак, Aм → Ам, Aн → Ан, Aт → Ат
Ред 3:
Може да се каже дека со Аминта I почнува историјата на Античка Македонија. Тој бил прв македонски владетел кој одржувал врски со другите држави. Се сојузил со атинскиот тиран [[Писистрат]], а кога неговиот син [[Хипија (син на Песистрат)|Хипија]] бил протеран од Атина, Аминта му ја понудил територијата на [[Антем]] на [[Солунски Залив|Термајскиот залив]] за да може да ги стави [[Хеленска цивилизација|грчките]] феудалци во тој регион под македонска контрола. Оваа понуда е отфрлена од страна на Хипија.
 
Во почетокот владее со [[Пиерија]] и [[Ботиаја]], ги освојува областа покрај делтата на [[AксиосАксиос]] и [[Западна Мигдонија]] (областа [[AнатемунтАнатемунт]]) до северната граница на државата, планината [[Дисорос]]. Има добри политички и трговски врски со [[Пизистрати]]те од [[AтинаАтина]]. По походот на Дариј против [[Скитија]], Македонија е принудена да ја признае персиската власт; персискиот војсководец [[Мегабаз]] испраќа седум персиски пратеници да побараат „земја и вода“ за Дариј (сп. Херодот); на гозбата синот на AминтаАминта, Александар, ги убива Персијците затоа што побарале и жени, што било спротивно на македонските обичаи.<ref>Herodotus: I–IV, 4 Vols., Loeb Classical Library, Hardward University Press, 1961</ref><ref>Херодот, Историја. Прев. Д. Чадикова, Скопје, 1998.</ref>
 
Според попатните забелешки во изворите, кралството на Аминта Први веројатно ги опфаќало областите Пиерија, Ботиаја, Еордаја и Антемунт како и помал дел на подоцнежната Амфакстида. Се чини дека во ова време, притисокот на „вечните“ непријтели на Аргеадите се уште се чувствувал, илирските племиња на запад и тракиските на исток ниту биле обединети ниту пак толку моќни за да можат посерионо да го загрозат кралството на Аргеадите.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Аминта_I