Масовни медиуми: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Радио: Правописна исправка, replaced: веке → веќе
с →‎Телевизија: Форматна исправка, replaced: деветнаесеттиот век → XIX век
Ред 38:
== Телевизија ==
 
[[Телевизија]]та во основа претставува пренесување слики на далечини. Наречена е чудо на дваесеттиот век, но нејзината појава е резултат на големите откритија на физичарите од деветнаесеттиотXIX век. Во последните декемвриски денови од 1883 година германскиот инженер [[Паул Нипков]] изработил механички „Нипков диск“ со кој се остварува разложување на сликата на местото на предавањето и нејзино повторно сложување на местото на приемот. „Електронскиот телескоп“ со мотор бргу движел една плоча, издупчен ротирачки диск со лампи со селенски ќелии, кои ги претворале светилинските импулси во струјни, што потоа се пренесувале на одредена далечина. Co тој уред сликата се разложува на елементи и редови. При приемот постапката се повторува: истиот уред врши сложување на елементите во редови, а од нив се добива, слика, онаква каква што била при предавањето. Пронајдокот е историски, но никогаш не нашол своја примена. Конечното усовршување на телевизијата зависи од развојот на електрониката и од усовршувањето на дотогашните искуства во преносот на тон со употреба на електромагнетски бранови во овозможување и на пренос на слика.
 
Co конструирањето на фотоелектрична ќелија осетлива на промена на светлоста, од страна на германските научнци Јулиус Елстер и Ханс Гајтел (1890) се најавува откривањето на камерата. Во 1907 година Русинот Борис Росинг и Англичанецот Кембел Суинтон (истовремено, но независно еден од друг), замислуваат телевизиски систем со употреба на катодна цевка која веќе била откриена во 1897 година од германскиот научник Браун. Дваесет години подоцна (1928) Рускиот емигрант во САД Владимир Зворкин го патентира иконоскопот главната цевка во телевизиската камера, со која, според систем на оптички сочива, светлосната енергија се претвора во електрична и сликата што „стои" пред камерата се отсликува на далечина.