Вандали: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Повеќе информации: Јазична исправка, replaced: Константинопол → Цариград
с →‎Повеќе информации: Ставање врска, replaced: Јужна Франција → Јужна Франција
Ред 14:
Во 406 година, Вандалите почнале да мигрираат од Панонија. Се отселувале западно. Кога стигнале кај реката Рајна, нивниот напредок бил запрен од страна на Франките, кои имаа контрола врз северните делови на Гаул. Во битките на овој простор, 20,000 Вандали, вклучувајќи го и Годигисел, кој бил крал на Вандалите (359-406), го загубиле својот живот. Но, со помошта на Аланите, тие ги поразиле Франките, со што на 31 декември 406 година ја преминале реката Рајна. Откако ја преминале Рајна, тие го освоиле Гаул и го уништиле, под водство на кралот Гундерик, син на Годигисел.
 
На 13 октомври 409 година, Вандалите ги преминале Пиринеите и влегле во Пиринејскиот Полуостров. Тука, тие добиле голем имот од страна на Римската Држава, со цел тие да им дадат воена поддршка.  Секое вандалско племе добило одредена територија. Хасдингите ја добиле Asturia, Силингите ја добиле Hispania Baetica, Аланите добиле делови од Lusitania и еден дел добиле од Carthago Nova. Свевите контролирале дел од Gallaecia. Визиготите, пред да земат делови од [[Јужна Франција]] ги нападнале Аланите, убивајќи го Атакес, аланскиот крал. Со ова, Вандалскиот крал Гундерик ја добил круната на Аланите. Од ова, подоцнежните вандалски кралеви ќе ја добиеле титулата „Rex Wandalorum et Alanorum“, или во превод „Крал на Вандалите и Аланите“. Во 419 година, Хасдинги Вандалите биле поразени од здружените сили на Римјаните и Свевите. Гундерик избегал во Baetica, каде што ја добил круната на Силинги Вандалите.
 
Во 422 година, Гундерик ги поразил силите на Римјаните-Готитите-Свевите кај битката на Тарако. Голем број на Римски и Готски им се придружиле на Вандалите. Во следните 5 години, Вандалите направиле голем хаос низ западниот дел на Медитеранот. Во 425 година, Вандалите ти опустошиле Баеларските острови, Шпанија и Мавританија, Картаго Спартанија и Севила.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Вандали