Ска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#1Lib1Ref #1Lib1RefCEE
с Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: вo → во, дo → до, нo → но
Ред 12:
Стационирањето на американските воени сили за време и по војната, овожможува жителите на [[Јамајка]] да можат да ја слушаат америчката музика по радијата на воените сили на САД, имајќи постојан прилив од музички записи и изданија. За да се задоволи побарувачката на музиката, претприемачите како [[Принц Бастер]], Клемет Дод и Дјук Реид формираат саунд систем(група на музичари, диџеи кои ја негуваат ска музиката). Кога џамп блузот и повеќете традиционални "Ар ен би" жанрови почнуваат да се одливаат во Јамајка во раните шеесети, јамајските изведувачи започнуваат со снимање свои верзии од овие жанрови. Стилот се состел од "4-triplet phrase" но бил карактеризиран со сецкање и трокирање при свирењето на гитара, познато како "апстроук" или "сканк". Потоа хорна која го презема и често го следи сканкот и пианото, пополнувајќи ги бас линиите, повтрорно свирејќи "сканк". Тапаните го задржуваат 4/4 такт, а бас тапанот се потенцира на третиор удар од секоја "4-triplet phrase". Звукот на апстроукот исто така може да се најде и во другите форми на карипска музика, како менто и калипсо.
Една теорија околу потеклото на ска музиката, ни кажува дека Принц Бастер ја создал за време на воведната сесија на снимањето за неговата нова музичка куќа Вилд Белс. Сесијата била финансирана од [[Дјук Реид]], кој требало да добие половина од песната за да може ја издаде. Сепак, тој добива само една песна која била од тромбонистот [[Рико Родригес]]. Помеѓу парчината музички записи, кои биле снимени се и "Деј гот ту го", "Ох Каролина", и "Шејк а лег". Според реге историчарот Стив Беров, за време на сесијата, Принц Бастер му дофрлил на гитаристот Џех Џери - "change gear, man, change gear". Гитарата започнува да ги пополнува вториот и четвртиот удар во тактот, кој придонесува за создавањето на нова музика. Тапаните се преземени од традиционалните јамајски и маршови стилови. За да го создаде ска ударот, Принц Бастер суштински го превртува "Ар ен би" мешаниот удар, истакнувајќи го "офбитот" со помош на гитара. [[Принц Бастер]] јасно го наведува американскиот ритам и блуз како музички жанр од кој потекнува ска музиката, конкретно песните на Вили Џексон "Летр фор д Гетор", "Ох Каролина" и "Хеј хеј мр.Бери".
Првата ска снимка е создадена во објектите како "Студио оне" и "ВИРЛ Рикордс" во Кингстон, Јамајка, со продуцентите [[Дод]], Реид, Принц Бастер и Едвард Сеага. Ска звукот се совпаѓа со славеничките чувства околу дoделувањетододелувањето независнот на Јамајка од страна на Обединетото Кралство во 1962. Настанот се празнува со песните на Дерик Морган како "Форвард Марч", и песната на Д Скаталитис - "Фридом Соунд". Поради тоа што новата независна држава Јамајка не ја ратификува Бернската конвенција за заштита на литературните и уметничките дела , до 1994 авторските права не биле проблем во создавањето на голем број копии и преработки од нивните ска песни. Јамајските музичари како Д Скаталитис често снимале инструментални ска верзии на песни од популарната америчка и британска музика, како тие од Битлси, хитовите "Мотовн" и "Атлантик соул", потоа музички подлоги за филмовите, или сурф рок инструментлаките. Бендот на Боб Марли Д Вејлерс ја обработува песната на [[Битлси]] "Енд ај лов хр", и драстично ја ре-изведиа песната на Бон Дилан "Лајк а ролинг стонс".
Бајрон Ли & Д Драгниарис свиреле ска во 1964 на светскиот саем во [[Њујорк]] со Принц Бастер, Ерик Морис-Монти и Џими Клиф. Како музиката се променува во САД, така и самиот правец ска е подложен на промени. Во 1965 и 1966, кога американската соул музика стана побавна и поздодевна, ска музиката го променува звукот и еволуира во рокстеди музика. Сепак, славата на рокстеди музиката е сосема кратка. До 1968, ска музиката еволуира повторно во [[реге]].
===Жанрот "2 Тонови"===
 
"2 Тонови" жанрот чиј почеток е во доцните седумдесети години во областите околу градот Ковентри, Англија, е мешавина од јамајска ска ритам и мелодија со панк-рок агресивни гитарски акорди и текстови. Споредено со ска музиката од шеесетите години, "2 ТонoвиТонови" музиката има побрзо темпо и целосна инструментализација. Жанрот е именуван по "2 Тон рекордс", музичка куќа создадена од Џери Демерс од Д Спешлс. Во многу случаи, преработката na класичните ска песни ги лансира оригиналните песни на врвот на топ листите како хитови во Обединетото Кралство
"2 Тонови" движењето промовира расно обединување во време кога расните тензии биле на високо ниво во Обединетото Кралство. Тука се многу песни на Спешлс кои ја зголемуваат свеста на човекот за проблемите со расизмот, насилството и проблемите во пријателствата. Бунтовите во британските градови биле дел од тоа движње, кога за време на тоа лето, песната на Д спешлс "Гост Таун" станува хит, иако овojовоj музички запис е во поспор реге ритам. Повеќето бендови во овој жанр биле мулти-расни(во бендовите имало членови и од црна и од бела раса), како Д бит(познати како Инглиш бит во Северна Америка, и Бритиш бит во Австралија), [[Д Спешлс]] и Д [[Селектор]]. Иако бендот [[Меднес]] се најде само со една песна во "2 Тон рекордс", тој стана еден од најефикасните бендови доведувајќи го овој жанр до мејнстримот.
=== Трет бран ===
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ска