Разлика помеѓу преработките на „Скриеносеменици“

с
Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: дe → де, нe → не
с
с (Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: дe → де, нe → не)
 
| color = lightgreen
| name = Magnoliophyta (скриеносемени)
| fossil_range = касна [[Јура (период)|Јура]] - дeнeсденес
| image =Magnolia_wieseneri.jpg
| image_width = 250п
'''Скриеносемените (цветни) растенија''' ([[Систематика|научно]]: оддел '''''Magnoliophyta''''', по растението [[магнолија]], уште и '''''Angiospermae''''', од [[Латински јазик|латински]] ''angi'' = затворено, [[Грчки јазик|грчки]] ''sperma'' = семе) сочинуваат оддел или тип во кој спаѓаат [[цвет]]ните [[растенија]], кои воедно се и доминантната форма на растенија на Земјата. Овие растенија се главниот извор на храна за повеќето [[цицачи]] и човекот, како и извор на повеќе материјали и природни производи. Тука се вклучени најмногу [[Грмушка|грмушки]] и тревести растенија, повеќето познати [[Дрво|дрвја]] (освен [[бор (дрво)|бор]]овите и другите [[четинар]]и), како и некои специјализирани растенија од типот на [[сочници]], [[паразит]]и и [[Водно растение|водни растенија]]. Познати се околу 230 000 видови на цветни растенија. Тие доминираат во повеќето копнени [[екосистем]]и. Околу две третини се наоѓаат во тропските региони, каде се во голема опасност од истребување како резултат на човечката дејност. Само околу 1000 видови се од поголема економска важност, а како хранлив ресурс служат околу 15 видови.
[[Податотека:Palm fruit , Палма и нејзините плодови.JPG|мини|Палма и нејзините плодови е претставник на монокотиледоните]]
Скриеносемени растенија се наречени поради тоа што нивната семка е заштитена во внатрешните делови на плодот со дебела и црвста обививка , за разлика од голосемените растенија каде што семката не е заштитена со дебела и цврста обвивка , туку се наоѓа залепена на дрвенестите ливчиња на женската шишарка којашто е заштитена со нежно , тенко и привидно крилце за да се заштити при процесот на расејување . Скриеносемените растенија се поделени на : монокотиледони и дикотиледони . Карактеристики на монокотиледоните се : монокотиледоните имаат 1 котиледон ( 1 семено ливче ) , имаат жилест корен , спроводните снопчиња ( ксилем и флоем ) се расфрлани , имаат паралелна нерватура на лист и имаат трочлен цвет . Примери за монокотиледони се : житни растенија , кокос , урма , банана и слично . Карактеристики на дикотиледони растенија се : дикотиледоните имаат 2 котиледона ( 2 семени ливчиња ) , имаат осков корен , спроводните снопчиња во вид на прстен , имаат жилеста нерватура на лист и имаат петточлен цвет . Примери за дикотиледони се : грав , леќа , грашок , боранија , краставица , домат и слично .
 
== Цветот како основно обележје на скриеносемените растенија ==
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Растенија]]
[[Категорија:Скриеносеменици| ]]