Deep Purple: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Рани години: Јазично подобрување, replaced: актерка → глумица
с →‎Премин и растурање: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: Тe → Те
Ред 55:
Новата постава продолжи во 1974 година, и нивната пролетна турнеја вклучи настапи во Медисон Сквер Гарден, Њујорк на 13 март и Насо Колосеумот, четири дена подоцна. Бендот тогаш свиреше на познатиот фестивал „Калифорнија Џем“ на Онтарио Мотор Спидвеј, на 6 април 1974 година, во Калифорнија. Привлекоа над 250 000 обожаватели. На фестивалот исто така свиреја рок-џиновите од седумдесеттите Блек сабат, Иглс, Емерсон, Лејк и Палмер, Рт, Винд енд Фајр, Сиалс енд Крофтс, Рер Рт и Блек Оук Арканзас. Делови од шоуто беа емитувани на ЕјБиСи телевизијата во САД, претставувајќи го бендот на поширока публика. Првиот албум со оваа постаца, под наслов „Гори“, доживеа голем успех (втор албум, после „Машинска глава“, што влезе во топ 10 во САД), и беше проследен со уште една светска турнеја. Насловната песна „Burn“, со која започнуваше албумот, беше голем труд на бендот за да го опфатат прогресив-рок движењето што беше популаризирано од бендовите како што се Јес, ЕЛП, Џенезис, Џентл Џајнт итн. „Гори“ беше комплициран албум кој ги покажуваше музичките виртуозности на сите членови на бендот и особено класичните влијанија во солажите на Блекмур. Во албумот исто ги има вокалните хармонии на Хјуз и Ковердејл, како и елементи од фанк и блуз, звук на бендот што е уште позабележителен во албумот „Stormbringer“, издаден кон крајот на 1974 година. Покрај насловната песна, албумот „Stormbringer“ имаше голем број песни што се пуштаа на радио, како што се „Lady Double Dealer“, „The Gypsy“, и „Soldier Of Fortune“. Меѓутоа, Блекмур јавно кажа дека не му се допаѓа албумот и фанки-сол елементите, дури и го нарече „весела музика“. Како резултат на тоа, тој го напушти бендот на 21 јуни 1975 година и формира свој сопствен бенд со Рони Џејмс Дио од Елф, под името Ritchie Blackmore’s Rainbow, подоцна скратен во Rainbow, после еден албум.
 
Со заминувањето на Блекмур, Дип парпл беа оставени да пополнат едно од најголемите места во рок музиката. Без оглед на тоа, бендот не запре и на изненадување на многу долгогодишните обожаватели, најави замена за Блекмур: Американецот Томи Болин. Има најмалку две верзии за регрутирањето на Болин: Ковердејл тврди дека тој ја предложи аудицијата на Болин. „Дојде набрзина, со зелено офарбана коса, жолта и сина со пердуви во неа. Со него се прикраде една прекрасна девојка од Хаваи со фустан без ништо под него. Се вклучи во 4 100-ватни Маршали и... останатото беше на него.“ Но во едно интервју објавено од Мелоди мејкер, во јуни 1975 година, Болин самиот тврди дека отиде на аудицијата следејќи ја препораката од Блекмур. Болин беше член на многу сега-заборавени бендови од доцните шеесетти, Дени енд д Трајумфс, Американ Стандард и Зефа, кои имаат издадено три албуми од 1969-72 година. Пред Дип парпл, најпознатите албуми на Болин беа направени со Били Кобам, како сесиски музичар, на џез албумот „Спектрум“ од 1973 година, и како замена за Џо Волш на два албуми на Џејмс Генг: „Бенг“ (1973 година) и „Мајами“ (1974 година). Тој исто така има свирено со икони како Др. Џон, Алберт Кинг, Д Гуд Ретс, Мокси и Алфонс Музон, и беше зафатен работејќи на неговиот прв соло-албум, „Тeaser“„Теaser“, кога ја прифати поканата за приклучување на Дип парпл.
 
Албумот што резултираше, „Дојди вкуси го бендот“, беше издаден во октомври 1975 година. Покрај мешаните критики, колекцијата го оживеа бендот уште еднаш, додавајќи нов, екстремен фанк раб на нивниот хард рок звук. Влијанието на Болин беше суштинско, и со охрабрување од Хјуз и Ковердејл, гитаристот го разработи повеќето од материјалот. Подоцна, личните проблеми со дрога почнаа да се манифестираат, и после откажаните настапи и недовршените изведби на концертите, бендот беше во опасност.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Deep_Purple