Фридрих Убавиот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Јазично подобрување, replaced: ривал → соперник
с →‎Управување: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: зa → за
Ред 41:
Фридрих бил крунисан во [[Бон]] од архиепископот на [[Келн]], а Елизабета била крунисана за германска кралица во [[Базел]] во [[1315]] година. Во повеќегодишна граѓанска војна Фридрих имал успеси со помош на воените вештини на својот помлад брат [[Леополд I (војвода од Австрија)|Леополд]] кој го добил прекарот „''Мечот на Хабсбурговците''“ или „''Победоносецот''“. Сепак, на [[28 септември]] [[1322]] година Фридрих бил целосно поразен кај [[Милдорф на Ин]] и бил заробен заедно со 1300 австриски благородници.
 
Откако Лудвиг го држал Фридрих три години во витешкиот зaтвoрзатвoр на замокот Траусниц, самиот тој бил кртикуван од католичкиот свет па поради тоа тој постигнал договор со стариот свој пријател и го ослободил под заклетва. Според неа, Фридрих го признал владеењето на Лудвиг и се обврзал да го убеди својот брат Леополд да го стори истото. На крајот Фридрих не успеал во тоа и се вратил на располагање на својот победник Лудвиг во [[Минхен]]. Овој витешки гест го импресионирал на Лудвиг, отстапувајќи ја римско-германската круна на Фридрих, додека за себе започнал да ја посакува круната на [[Светото Римско Царство]].
 
Фридрих починал на [[13 јануари]] [[1330]] година во замокот Гутенштајн. Во [[1783]] година посмртните останки биле пренесени и закопани во катедралата Свети Стефан во неговата родна [[Виена]].