Васил Тоциновски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: коавтор → соавтор
с →‎Животопис: Правописна исправка, replaced: Македонска радиотелевизија → Македонска радио-телевизија
Ред 24:
==Животопис==
 
Како добитник на Рациновата стипендија во 1969 г. дипломира на [[Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје|Филолошкиот факултет во Скопје]], на групата Историја на книжевностите на народите на СФРЈ. На истиот факултет ги завршил постдипломските студии по [[македонска книжевност]], во 1984 г. магистрирал на тезата „Драмскиот писател [[Богдан Сираков]]“, а во 1989 г. ја одбранил докторската дисертација „[[Атанас Раздолов]] - живот и дело“. Дваесет години работел во [[Македонска радиотелевизијарадио-телевизија|Телевизија Скопје]] (1969-1989).
 
Работел како водител на телевизискиот дневник, уредник, главен и одговорен уредник на Втората програма (1981-1984) и на секторот за училишна, образовна и научна програма (1985-1988). Автор е на сценарија на педесетина документарни филмови и серии емитувани на програмите на тогашна ЈРТ (Југословенска Радио Телевизија) и на многубројни програми и фестивали во светот. Остварил меѓународна соработка и престој во Советскиот Сојуз, Италија, Германија, Словачка, Романија и Бугарија.