Разлика помеѓу преработките на „Синдром на работна исцрпеност“

с
Замена со македонски назив на предлошката, replaced: {{Lang| → {{јаз| (7), {{lang| → {{јаз| (4), {{Lang | → {{јаз |
с (→‎Наводи: Додадена категорија)
с (Замена со македонски назив на предлошката, replaced: {{Lang| → {{јаз| (7), {{lang| → {{јаз| (4), {{Lang | → {{јаз |)
 
'''Синдром на работна исцрпеност''' (исто така познат и како '''синдром на професионално согорување''' или по [[англиски јазик|англицизмот]] '''синдром на burnout''') се карактеризира со комбинација на длабок замор, намалено инвестирање во професионалната активност и чувство на неуспех во работата. Синдромот на работна исцрпеност се смета за резултат на хроничен професионален [[стрес]] (на пример, поврзан со работно преоптоварување): личноста не успева да се соочи со адаптивните побарувања на нејзината професионална околина и забележува пад на својата енергија, мотивација и самодоверба.
 
Во [[1969]], Херолд Б. Бредли е првата личност која го истакнува синдромот во својата статија „Третман заснован на заедницата за млади возрасни прекршувачи на законот“ (англиски: „''{{langјаз|en|Community-based treatment for young adult offenders}}''“), запишувајќи го како посебен вид на стрес поврзан со [[работни услови|работата]] користејќи го англискиот термин ''{{Langјаз|en|burnout}}''. Овој термин повторно се употребува во [[1974]] од страна на психоаналистот [[Хеберт Ј. Фројденберг]] и потоа од страна на психологот [[Кристина Маслак]] во [[1976]] во нејзините студии за мафинестациите на работна износеност.<ref>{{Наведена мрежна страница|title=Qu'est-ce qu'un burn-out ? {{!}} Aide Burn Out|url=http://www.aideburnout.fr/definition-burnout|website=Aideburnout.fr|language=француски|accessdate=2016-12-26}}</ref>
 
Спроед првите набљудувачи, синдромот на работна исцрпеност првично се појавува кај луѓе чии професионални активности имплицираат дека човечката интеракција е важна - такви се [[социјален работник|социјалните работници]], [[здравствен професионалец|здравствените професионалци]] и [[професор]]ите. Проучувањето на овие професионални категории од страна на истражувачите најчесто ги истакнува повторувачките соочувања поврзани со болка и неуспех како главните причинители во случаите на манифестација на синдромот на работна исцрпеност. За време на првичните набљудувања на синдромот, тој е познат како психолошки [[синдром]] поврзан со [[професија|професиите]] кои вклучуваат помош. Овој концепт преовладувал некое време и служел како патоказ за концепцализацијата на овој феномен како и првите работни истражувачки трудови на тоа поле. Но стекнувањето на поголем број на информации по овие првични истражувања помогнало да се прошират ризиците за манифестација на синдромот на работна исцрпеност на групата на индивидуалци на работното место без разлика на нивната активност.
== Препознавање на синдромот ==
=== Херберт Фројденберг и прв опис===
Специјалистичката литература воглавно признава дека [[психотерапевт]]от и [[психијатар]] [[Херберт Ј. Фројденберг|Херберт Фројденберг]] е автор на првите истражувања во областа на синдромот на работна исцрпеност.<ref>{{harvsp |texte=Burn Out : Quand le travail rend malade |id=fr L |p=7}}.</ref> Во неговата статија „согорување на персонал“ (англиски:„''{{Langјаз|en|Staff burnout}}''“) објавена во [[1974]],<ref>{{harvsp |text={{language|en|Journal of Social Issues}} |id=en AG |p=159-165}}.</ref> прв обид за опис на состојбата Херберт Фројденберг прикажува со терминот „синдром на согорувањел“ (англиски:''{{Langјаз|en|Burn-Out Syndrome (B.O.S.)}}'')<ref>{{harvsp |text={{Langјаз|en|Burnout: The High Cost of High Achievement}} |id=en P |p=198}}.</ref> состојба на исцрпеност во која се наоѓа персоналот на медицински професионалци во ''{{langјаз|en|Free Clinics}}'', кои се професионално и емоционално поврзани со пациенти кои се зависници. Тој го објаснува ова согорување како загуба на мотивацијата на личноста кон својата работа, особено кога нејзината силна посветеност ги нема дадено очекуваните резултати.
 
Во 1970-те Фројденберг води една дневна болница која ги хоспитализира зависниците од населбата ''{{langјаз|en|Lower East Side}}'' во [[Њујорк]]. Установата функционира главно благодарение на млади доброволци. Фројденнберг ги започнува своите обзервации откако забележал дека голем број на овие доброволци завршуваат така што ја губат целата своја мотивација по приближно една година со активност. Сфаќа дека постојат карактеристични физички [[симптом]]и кои ги проследуваат овие промени како што се истоштеност, замор, подолго трање на [[настинка|настинките]], главоболки, гастроинтестинални проблеми и [[инсомнија]].
 
Во неговите истражувања, Фројденбер го истакнува бројот на симптоми на однесување и го поставува портретот на личности кои се потонати во нивните [[емоција|емоции]]. [[Гнев]]от, иритабилноста, оневозможеноста да се соочат со тензиите, новите ситуации но и загубата на енергија се меѓу знаците кои ги нарекува „пукнување“ (анг. ''{{langјаз|en|cracking}}'') и ментална и емоционална исцрпеност. Херберт Фројденберг исто така проценил дека негативни ставови и [[цинизам]] се исто така манифестации кои се делот од клиничките документи. Тој предложува стратегии на наддавање, како што се поминување повеќе и повеќе време на работа и неефикасно користење на [[хиперактивност]]а, но исто така стратегии на избегнување како што се изолација и избегнување на контакт со колеги. Англискиот термин ''{{Langјаз|en|burnout}}'' се користи во тоа време за да се обележат ефектите на наркоманијата; за Фројденбер претставува ефикасна метафора за збирот на симптоми кои тој ги набљудува. Во секојдневниот англиски јазик, ''{{Langјаз|en|burnout}}''значи „истрошување, исцрпување, кршење поради преголеми барања на енергија, сила или ресурси“.<ref>{{harvsp |texte=swissburnout.ch |id=swissburnout.ch}}.</ref>
 
Поради неговото искуство, Херберт Фројденберг забележува дека кај младите волонтери првичната посветеност и сигурноста со која ја вршат важната работа се доволни еден период за да се одржи задоволството и да се одржува трудот. Сепак, во тој период, пациентите кои тој ги лечи во својата клиника се отпорни и често не ги прифаќаат советите. Во таква средина, помошта и енергијата искористена на овие млади волонтери се често попусти. Фројденбер истакнува исто така дека „токму поради тоа што сме посветени на својата должност ние паѓаме во замката на пукање [''cracking'']“.<ref>{{harvsp |texte={{Langјаз |en |Journal of Social Issues}} |id=en AG |p=160}}.</ref> После Фројденберг и Ричелсон во 1980, синдромот на работна исцрпеност се појавува кога личностите имаат идеализирана слика за себеси, се перцепираат како динамични, харизматични, особено компетентни и завршуваат со тоа што ја губат поврзаноста со своето вистинско јас.<ref>{{harvsp |texte={{Langјаз|en|Burnout: The High Cost of High Achievement}} |id=en P |p=14-15}}.</ref><ref>{{harvsp |texte=Psychologie de l’identité |id=fr Q |p=17-32}}.</ref>
 
==Признавање на синдромот во земји низ светот==