Тартиф: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со македонски назив на предлошката, replaced: {{Lang| → {{јаз|
Ред 20:
| iobdb_id =
}}
'''Тартиф''' ([[француски јазик|француски]]: {{Langјаз|fr|''Le Tartuffe ou L’Imposteur''}}) е [[драма]] (од жанрот [[комедија]]) на [[Молиер]]. Драмата била за првпат поставена на 9 јануари 1669 година.<ref>Божидар Настев, „Поговор“, во: Молиер, ''Тартиф''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 120.</ref>
 
==Ликови во драмата==
Во драмата се појавуваат следниве ликови:<ref>Molijer, ''Tartif – Don Žuan''. Beograd: Rad, 1962.</ref> <ref name="ReferenceA">Молиер, ''Тартиф''. Скопје: Македонска книга, 1970.</ref>
* Госпоѓата Пернел, мајката на Оргон
* Оргон
Ред 57:
Првата црта со која се одликува Тартиф е сложената тактика со која се служи при измамата на луѓето што му требаат. Лицемерството, интригата, способноста брзо да ги открие слабите страни на човечката душа, се средствата со кои се служи Тартиф.
Втората карактеристика е тоа што нема измама и лага кои Тартиф не би можел да ги оправда со повисока цел. Тој го прима подарокот (куќата на Оргон) единствено од страв дека имотот може да падне во лоши раце, и дека нема да биде употребен како што треба. Дури и кога доаѓа за да го истера Оргон од неговата сопствена куќа, тој себеси се нарекува „осветник на небото“. Оваа карактеристика е толку вкоренета во душата на Тартиф, што тој кога го прививкува [[Господ]] изгледа искрен.
 
Третата црта на Тартиф се одвратните карактеристики на неговата душа во моментот кога ја трга маската и се покажува каков е, а тој е лаком, ненаситен, а најмногу развратник, што претставува остра спротивност на она што самиот го зборува. Во додворувањето кон Елмира, Тартиф покажува необичен цинизам. Но, можеби најважна особина на Тартиф е тоа што тој има врски насекаде, и во дворот и во административните кругови. Тој брзо го наоѓа полицискиот службеник кога му затребал, и лесно може да дојде до кралот. Лесно може своето лично прашање да го претвори во општо државно прашање. И во моментот кога станува против Оргон, тој се претвора во ревносен шпион.
 
Како и бројни други големи дела, „Тартиф“ може да биде сфатен на повеќе начини. Уште со првобитниот наслов „Тартиф или лажливец“ Молиер сакал да се одбрани од нападите на католиците, нагласувајќи дека ги исмејува само лицемерите, а не и вистинските верници. И во самото дело има [[стих]]ови што ја потврдуваат таа теза. Сепак, постојат и мислења дека на тој начин авторот само сакал вешто да се одбрани од потенцијалните напади на непријателите. Навистина, членовите на моќната [[организација]] „Света причеста“ истакнувале дека неговата критика се однесува на сите побожни луѓе. Во секој случај, личноста на Тартиф е толку силно прикажана што на [[режисер]]ите и на глумците им дозволува широки можности за интерпретација. Исто така, темата воопшто не е локална, туку универзална бидејќи, покрај луѓето кои цврсто веруваат во одредени идеи, секогаш ќе постојат и лицемери. Вештината на Молиер во ова дело се состои не само во прикажувањето на главниот лик, туку и во извонредната постепеност на дејството која што делумно е расипана со брзоплетиот и неверојатен расплет.<ref name="N. Banašević 1962">N. Banašević, „Pogovor“, во: Molijer, ''Tartif – Don Žuan''. Beograd: Rad, 1962, стр. 206.</ref>
 
==Постанокот на делото==
Во мај 1664 година, во [[Версај]] биле поставени трите чина на „Тартиф“. До денес останува отворено прашањето, дали се работи за трите чина на комедијата што Молиер веќе претходно започнал да ја пишува или пак станува збор за целосно нова верзија на ова дело. Во секој случај, кралицата-мајка и благородниците издејствувале забрана на „Тартиф“.<ref>N. Banašević, „Pogovor“, во: Molijer, ''Tartif – Don Žuan''. Beograd: Rad, 1962, стр. 205.</ref> Новата верзија на „Тартиф“, овојпат во пет чина, била прикажана во [[август]] [[1667]] година, откако претходно била читана и играна на приватни средби. Искористувајќи го отсуството на кралот, цензурата го забранила делото веднаш по првата претстава. Забраната била тргната во [[февруари]] [[1669]] година и само во таа година, „Тартиф“ бил прикажан 45 пати во [[театар]]от и петпати приватно.<ref> name="N. Banašević, „Pogovor“, во: Molijer, ''Tartif – Don Žuan''. Beograd: Rad, 1962, стр. 206.<"/ref> Во молбата упатена до кралот во врска со прикажувањето на „Тартиф“, Молиер напишал: „Бидејќи комедијата има за цел да ги поправа луѓето забавувајќи ги, сметав дека како комедиограф најдобро ќе сторам ако ги нападнам, сликајќи го смешното, пороците на мојот век.“ Сепак, поуките застапени во неговите дела никогаш не се претвораат во морализирање. Напротив, токму поуката и комичното, поврзани со реалистичниот приказ на луѓето, им даваат карактер на неговите комедии и им даваат долговечност.<ref>Божидар Настев, „Поговор“, во: Молиер, ''Тартиф''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 114-115.</ref>
 
==Критички осврт кон делото==
Ред 72:
 
==Изданија на македонски јазик==
Во 1970 година, „Тартиф“ бил објавен во издание на „[[Македонска книга]]“ во рамките на [[библиотека]]та „[[Атлас (митологија)|Атлас]]“, а во препев на [[Лазо Каровски]]. Техничкото уредување и нацртот на корицата го направил [[Коста Бојаџиевски]], а коректор била Љупка Лазарова. Книгата била отпечатена во графичкиот завод „[[Гоце Делчев]]“ во август 1970 година, а во тираж од 10.000 примероци. Изданието не е каталогизирано и не ја содржи меѓународната ознака ISBN.<ref>Молиер, ''Тартиф''. Скопје: Македонска книга, 1970.<name="ReferenceA"/ref>
 
Во 2002 година се појавило изданието на „[[Матица Македонска]]“ во препев на [[Паскал Гилевски]]. Книгата, со димензии од 20 [[Сантиметар|сантиметри]] и со обем од 162 страници, била отпечатена во [[печатница]]та „Графостил“ во тираж од 1.000 примероци. Таа е каталогизирана во [[НУБ „Св. Климент Охридски“]], [[Скопје]] и ја содржи меѓународната ознака ISBN 9989-48-457-0.<ref>Жан Батист Молиер, ''Тартиф''. Скопје: Матица македонска, 2002.</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Тартиф