Германско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазично подобрување, replaced: ривал, → соперник,, ривал → соперник
Бришење на "Surviving_Herero.jpg", беше избришана од Заедничката ризница од страна на Christian Ferrer поради: per [[:c:Commons:Deletion requests/File:Surviving H
Ред 153:
Германскиот колонијализам исто така резултирал со многу неславни потези. Како што биле бројните [[геноцид]]и во Германска Југозападна Африка (денешна [[Намибија]]), посебно оној над племето Хереро и Нама. По превземањето на југозападна [[Африка]], германските бели доселеници се населиле на земјата на африканските племиња Хереро и Нама, со цел да ги угладнуваат и ги преместат во [[резервати]]. Припадниците на племињата Хереро и Нама станале [[роб]]овска сила, додека пак нивната земја била искористена како вреден извор, особено за вадење на драги камења и [[дијамант]]и. Во [[1903]] и [[1904]] година, припадниците на племињата Хереро и Нама направиле бунт против германската власт во [[источна Африка]]. Како одговор на бунтот, Вилхелм II го пратил германскиот воен заповедник [[Лотар фон Трота]] во југозападна [[Африка]] како би ги прогонувал припадниците на племето Хереро од источна Африка. Фон Трота дал ултиматум на племето Хереро.
 
 
[[Податотека:Surviving Herero.jpg|300px|мини|десно|Припадниците на племето Хереро по бегството во пустината пред германските војници]]
<blockquote>''Јас, големиот генерал на германските трупи, го праќам ова писмо до припадниците на племето Хереро... Сите припадници на племето Хереро мораат да ја напуштат оваа земја... Ако било кој припадник на племето биде пронајден внатре во германските граници, со оружје или без него, со домашно животно или без него, ќе биде стрелан. Веќе нема да примам жени или деца; туку ќе ги пратам назад во племето и ќе ги убијам. Тоа е моја одлука за сите припадници на племето Хереро.''<ref name="BBC120104">[http://news.bbc.co.uk/1/hi/world/Africa/3388901.stm Germany regrets Namibia 'genocide'], ''BBC News'', 12 јануари 2004</ref></blockquote>