Палатализација: Разлика помеѓу преработките

Додадени 12 бајти ,  пред 1 година
с
Замена со македонско име на предлошката, replaced: {{IPA| → {{МФА| (4)
[проверена преработка][проверена преработка]
с (Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite book → Наведена книга)
с (Замена со македонско име на предлошката, replaced: {{IPA| → {{МФА| (4))
 
'''Палатализацијата''', ('''омекнување''', '''палатизација''') е јазичен поим со кој се опфаќаат два различни процеси кога еден [[Глас (фонетика)|глас]], најчесто [[согласка]], се изговара така што јазикот е во близина на [[непце]]то.
 
Во фонетиката, „палатизирана согласка“ е согласка која се изговата со палатална (непчена) [[споредна творба]]. Ова значи дека согласката е проследена од еден призвук кој е сличен на гласот {{IPAМФА|/j/}}. Ова е видливо, на пример, во полскиот збор „kiedy“, каде буквата „к“ е проследена од гласот „ј“. Во македонскиот оваа палатизација може да се сретне кај странски зборови, како на пример во името „Кјото“.
 
Другиот начин на палатизација е од интерес за [[Историска лингвистика|историската лингвистика]] и често се нарекува [[гласовна промена]]. При овој вид на палатизација, местото на создавање на согласките се поместува или придвижува кон непцето, т.е. ''палатално''. Оваа промена е како резултат на присуството на гласот /j/ или самогласка по согласката. Такви се буквите „ќ“ или „ѓ“ во македонскиот.
Теоретски, палатизацијата означува:
 
*фонетски поим на со на една согласка со која јазикот е издигнат кон тврдото непце и гребенот за време на изговарање на согласката. Таквите согласки се фонетски палатизирани и според МФА тие се означуваат со {{IPAМФА|/j/}}, како на пример {{IPAМФА|[tʲ]}} за палатизиран глас [t].
*чест процес на изедначување, или резултат од таков процес, според кој самогласки или гласот {{IPAМФА|/j/}} се изговараат на предната позиција при изговорот.
 
Првото може да е резултат на второто, но често тие се различни. Една самогласка може да „палатизира“ согласка, но резултатот може да не е палатизирана согласка во фонетска смисла. Фонетски палатизирана согласка може да се појави без разлика на близината на предната самогласка.