Мет Дејмон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена на к со ќ, replaced: ке → ќе (2)
с →‎Хуманитарна работа: clean up, replaced: борд → одбор
Ред 51:
==Хуманитарна работа==
Дејмон се занимава со филантропија уште од 12 годишна возраст, одлучувајќи што да прави со својот паричен додаток од 5 долари. Дејмон е основачот на организацијата “Ејч Ту Оу Африка Фаундејшн” (H2O Africa Foundation), добротворна рака на експедицијата за документарниот филм “Ранинг д Сахара” (Running the Sahara), која се соедини со американската развојна хуманитарна организација “Ватр.орг” (Water.org) во јули 2009 година. Тој, зедно со Џорџ Клуни, Бред Пит, Дон Чидл и Џери Вајнтрауб, е еден од основачите на “Нот Он Аур Уач” (Not On Our Watch), организација која насочува светско внимание и ресурси за да се запрат или спречат масовни злосторства како во Дарфур. Дејмон ја поддржува меѓународната организација “Уан Кампејн” (ONE Campaign), која е насочена за борбата против СИДА-та и сиромаштијата во земјите од Третиот свет. Се појави во нивните печатени и телевизиски реклами. Дејмон е амбасадор на “Уан Екс Уан” (OneXOne), непрофитна организација посветена на поддржување, зачувување и подобрување на животот на децата дома во Канада, САД и во целиот свет. Дејмон е исто така портпарол на “Фидинг Америка” (Feeding Amerika), најголемата организација насочена за помош на гладните во САД, како и член на нивната организација “Ентертејмент Кансл” (Entertainment Council), учествувајќи во нивните реклами за непрофитната организација “Еј Ди Кансл” (AD Council).
Дејмон е член на Управниот одбор на “Тоник Меилстопер” (Tonic Mailstopper), (порано ГринДајмс), компанија која се обидува да ја прекине несаканата пошта испорачана во американските домови секој ден. Појавувајќи се во шоуто “Шоуто на Опра Винфри” на 20 април 2007 година, Дејмон ги промовираше напорите од организацијата да спречи дрвјата да се сечат за да се користат за несакана пошта и пликови. Дејмон изјави: “За предвидени десет центи на ден, можат да запрат 70% рекламен материјал што доаѓа во вашата куќа. Тоа е многу едноставно, лесно е да се направи, голем дар да се даде, всушност јас ја потпишав целата моја фамилија. Таа е подарок што ми е даден оваа мината сезона и бев толку импресиониран што јас сум сега во бордотодборот на компанијата.
==Во медиумите==
===Кемал и Дејмон===