Пајонци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Пајонско кралство: Правописна исправка, replaced: највеке → највеќе
с →‎Пајонско кралство: Правописна исправка, replaced: 0год. → 0 г.
Ред 31:
== Пајонско кралство ==
 
[[Агис]] (? – 359/8 г. Пр.н.е) е првиот пајонски владетел чие постоење е потврдено со историските извори. По неговата смрт во 359/8 г. Пр.н.е [[Филип II]] ја покорил Пајонија и наметнал вазални односи. И покрај формалната зависност на Пајонија од [[Античка Македонија|Македонија]], на власт останала истата кралска куќа на чие чело стоел синот на Агис, [[Ликеј]] (ц.356-ц.340год340 г. пр.н.е). Покрај историските податоци и епиграфски споменици, за Ликеј говорат и парите што биле емитувани во негово име. Всушност Ликеј е првиот пајонски владетел потврден во историските извори, кој ковал пари. Син и наследник на Ликеј бил [[Патрај]] (340/335-315 г. пр. н.е.), кој пак бил наследен од [[Авдолеон]] (315-286/5 г. пр. н.е.). Авдолеон највеќе придонел да пајонскот кралство се доближи до развиениот хеленски свет и културата на државите на Александровите дијадоси. Во 289-88 год пр. н.е. тој ја снабдувал Атина со жито бидејќи Антигон Гонат го зазел нејзиното главно пристаниште, [[Пиреј]]. Поради таа помош атинското собрание му доделило граѓанско право нему и на неговите наследници, го одликувале со златен венец и му подигнале статуа на [[агора]]та. Легитимен наследник на Авдолеон бил [[Аристон]] (286-85 г. Пр. н.е.), но тој бил нападнат од Лизимах и побегнал во [[Дарданија]], а Пајонија и припаднала на [[Античка Македонија|Македонија]]. По наездата на [[Келти]]те на пајонскиот престол дошол [[Леон]] (278-250 г. пр. н.е., веројатно вториот син на Авдолеон, кој пак бил наследен од синот [[Дропион]] ( 250 - 3 деценија на III век). Дропион е последниот пајонски крал, а воедно и основачот на пајонскиот којнон (сојуз). По неговата смрт просторот на Пајонија го превзела Македонија, а северниот дел и припаднал на Дарданија.
 
Но, само 60 г. подоцна, тука дошле [[Римјаните]] и Античка Македонија како држава престава да постои. Од времето на независноста на Пајонија, најбогато археолошко наоѓалиште, е најдено кај денешната месност [[Демир Капија]]: клисурата на Вардар, Просек, останала природна граница меѓу македонската и пајонската држава и тука бил најлесно надгледуван магистралниот пат од Егеј кон внатрешноста на Среден Балкан и Подунавјето.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Пајонци