Разлика помеѓу преработките на „Осман I“

Додадени 6 бајти ,  пред 1 месец
с
→‎Владеење: Јазично подобрување, replaced: ривал → соперник
с (→‎Мечот на Осман: Јазична исправка, replaced: Константинопол → Цариград)
с (→‎Владеење: Јазично подобрување, replaced: ривал → соперник)
 
Владеењето на Осман го означува официјалниот почеток на владеењето на династијата на [[Отоманци]]те во Отоманското Царство, која постоела шест векови. Осман на чело дошол во 1281 година. Се оженил со ќерка на богатиот бег Омер од кој брак се родил наследникот [[Орхан I]]. Во тоа време биле регрутирани голем број на војници од исламскиот свет за да се борат против се повеќе слабата Византија. Турското население во Анадолија значително се зголемило по доаѓањето на голем број на бегалци кои бегале од Монголската инвазија. Под негово раководство овие борци многу бргу се покажале како сериозна сила и темелите на новата империја биле многу бргу поставени.
 
Во [[1284]] година селџучкиот султан Алаедин III починал и како главни претенденти за неговата територија останале Осман и емирот на [[Караманија]]. Долгата и жестока борба меѓу потомците на Осман и Караманогулари започнала во текот на животот на Осман. Самиот Осман имал поголеми предности во однос на својот ривалсоперник главно поради неговата местоположба и блискоста со Византија.
 
Првите воени дејствија Осман ги презел против Византија. Во [[1281]] година станал бег на племето Каји, и како цел поставил да ги обедини сите туркиски народи во една држава. Териториите на Осман започнале да се прошируваат на сметка на [[Византија]]. Во исто време, Осман успеал да покори и неколку соседни турски емирати и племиња. Во [[1291]] година ја зазел тврдината Кулача. Во 1299 година дошло до распаѓање на [[Селџучка империја|Селџучкото царство]] и територијата во голема мера паднала под негова власт. Во 1300 година паднала тврдината Јенишехир. Реоните кои ги освоил биле управувани од страна на неговите синови и браќа. Така со Ескишехир управувал неговиот брат Ѓундуз, со Караџахисер Хасан, Инеѓул од Тургут. Подалечните територии биле управувани од страна на неговите команданти. На тој начин Осман ги направил своите поделени територии зависни едни од други. Кон почетокот на [[14 век]], Осман започнал со опсади на неколку важни византиски тврдини<ref name="Steven Runciman pg 32">''The Fall of Constantinople 1453'' by [[Steven Runciman]], pg 32</ref>. Во [[1302]] година била издвојувана голема победа во [[Битка кај Бафеј|Битката кај Бафеј]].