Микеланџело Буонароти: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Рим: Правописна исправка, replaced: перфекција → совршенство
с →‎Таванот на Систинската Капела: Јазично подобрување, replaced: ривал → соперник
Ред 37:
Во 1505 година, Микеланџело бил повикан од новоизбраниот [[папа Јулиј II]], да се врати назад во Рим. Добил задача да го изгради надгробниот споменик на папата. Иако под негов надзор, Микеланџело постојано ја занемарувал работата на споменикот, како би можел да заврши безброј други задачи. Токму поради тоа, работел на споменикот цели 40 години и никогаш не го завршил. Негова главна карактеристика е статуата на Мојсеј и е сместен во црквата Св. Петар во Винколи, во Рим.
 
Во овој период, Микеланџело ја прифатил задачата да го наслика таванот на Систинската капела, за чија изградба биле потребни приближно 4 години (1508 година – 1512 година). Според Микеланџело, Браманте и Рафаел биле тие кои го убедиле папата да му ја додели оваа задача на Микеланџело мислејќи дека тој нема никакво познавање за тематиката која требало да ја наслика. Целта на целата замисла била Микеланџело да се соочи со неповолни и непријатни споредувања со неговиот ривалсоперник Рафаел, кој во тоа време бил на врвот на неговата кариера како прв фрескосликар. Сепак, оваа приказна, како факт е отфрлена од современите историчари кои се базираат на моменталните докази, единствено може да се согледа како одраз на личната перспектива на Микеланџело.
 
На почетокот задачата на Микеланџело била да ги наслика 12те апостоли над ѕвездено небо, меѓутоа се одлучило за поинаква и посложена шема, претставувајќи го Создавањето, Падот на човештвото, Ветувањето за спасение, преку пророците и Генеалогијата (историјата на семејството на) на Исус. Делото ја опфаќа речиси целата декоративна шема на палатата и претставува голем дел од доктрината на Католичката црква.