Бернар Ино: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Крај на кариерата: Јазично подобрување, replaced: ривалст → соперништ
с →‎1984 — 1986: Јазично подобрување, replaced: ривал → соперник
Ред 77:
Несогласувањата со Гима довеле до нивно разијдување и Ино во 1984 година премина во тукушто формираниот тим Ла ВИла. Ги освоил Џиро ди Ломбардија и Гран при на нациите, а потоа на Тур де Франс водел борба со актуелниот шампион и бивш совозач Лоран Фињон. Ино победил во прологот на првата етапа, но немал снага во брдата и Фињон го освоил Тур де Франс со преку 10 минути предност пред Ино, кој завршил втор.
 
Во 1985 година, Ино по третпат се вратил на Џиро д’Италија и го освоил победувајќи на една етапа. На Тур де Франс, Ино го освоил прологот на првата етапа, а потоа победил и на осмата етапа. Голем ривалсоперник имал во својот тимски совозач [[Грег Лемонд]], кој бил под притисок од страна на тимот да не се бори за победа, туку да го пушти Ино да го освои Тур де Франс. Така и било, Ино го освоил својот петти Тур де Франс изедначувјќи се со [[Жак Анкетил]] и [[Еди Меркс]]. Лемонд го освоил второто место со ветување од Ино дека наредната година ќе му помогне да го освои.
 
Во 1986 година, Ино го возел својот последен Тур де Франс кога требало да му ја врати услугат ана Лемонд и да му помогне да победи, но не било така. Ино возел доста агресивно, оправдувајќи се дека тоа го прави за да ги исфрли од трката соперниците на Лемонд, а всушност и самиот Лемонд заостанувал. Лоран Фињон возел дефанзивно од почетокот, а потоа ја напуштил трката заради повреда. На [[Алп д’Иез]], Ино нападнал, Лемонд го бркал, го стигнал и престигнал, му ја зел жолтата маица и победил на Тур де Франс. Ино завршил втор, победил на три етапи и ја освоил брдската класификација. Во подоцнежните изјави, Лемонд велел дека Ино тогаш го издал со својата тактика.