Хокеј на мраз: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎Развој на хокеј на мраз: Јазично подобрување, replaced: Ривалст → Соперништ
Ред 35:
Оваа игра станала толку популарна што првото „ Светското првенство" на хокеј на мраз било вклучено во годишниот зимски карневал во Монтреал во 1833 година. Таму се одржал натпревар на хокеј на мраз, во која победила екипата на Мекгил. Бројот на играчи по екипа се намалил на седум, а играта била поделена на два периода од по 30 минути. Позициите во играта биле именувани како лево и десно крило, центар, ровер, одбранбен играч и голман. Во 1885 година започнала Хокеј Лига во градот Монтреал. Во 1886 година, екипите кои се натпреваруваа на Зимскиот карневал организирале Аматерско Канадско хокеарско здружение (скратено АНАС), во кое се организирале турнири за кој да биде најдобар.
 
Иако не е документирано, се смета дека првиот хокеарски натпревар во Европа е одиграна во 1885 година, во швајцарското зимувалиште [[Санкт Мориц]], помеѓу универзитетските екипи на Оксфорд и Кембриџ. Победник на натпреварот беше Оксфордскиот тим Дарк Блу, кој водеше со 6:0. Првите фотографии и тим листи датираат од 1895 година. РивалствотоСоперништвото помеѓу овие две екипи продолжило понатаму, а се смета и за најстаро во историјата на хокеј на мраз. Тоа не е единствената игра во Европа која настанала од игри со стап и топка. Друга популарна игра во Европа е бенди која се игра на мраз, но наместо плочка се користи топка. Во денешно време оваа игра е многу популарна во Шведска, Норвешка, Финска и Русија.
 
Во 1888 година, тогашниот канадски гувернер Лорд Стенли од Престон, чии синови и ќерки станаа љубители на хокеј, присуствувале на турнирот на Зимскиот карневал во Монтреал и беа воодушевени од овој хокеј спектакл. Тогаш приметиле дека пбедничкиот тим во Канда не добива никакво признание и дека заслужува трофеј. Во 1892 година Стенли го направил првиот хокеарски трофеј кој изгледал како обична декоративна чинија.Подоцна овој трофеј стана познат како Стенли куп, а првпат бил доделен во 1893 година на победничката екипа ХК Монтреал на АНАС лигата. Истиот трофеј се доделува и денес на победниците на северноамеричкеата НХЛ лига. Синот на Стенли, Артур е еден од основачите на Хокеарската асоцијација Онтарио, а неговата ќерка Изабела станала првото женско кое играло хокеј на мраз.