Јакоб Бернули: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с →Животопис: Јазична исправка, replaced: Лунарниот → Месечевиот |
с →Животопис: Јазично подобрување, replaced: ривалст → соперништ |
||
Ред 3:
== Животопис ==
Јакоб Бернули е роден во [[Базел]], [[Швајцарија]]. Под притисок на своите родители се запишал на студии по [[теологија]], успешно ги завршил и потоа работел во министерството. Но, не можејќи да ги игнорира своите желби продолжил и на студии по математика и астрономија, па патувајќи низ [[Европа]] за да ги проширува своите знаења под влијание на учењата на водечките научници во овие области на тоа време [[Худ]], [[Роберт Бојл]] и [[Роберт Хук]], Бернули направил погрешна [[теорија на комети]]. Откако се вратил во својата татковина започнал да предава [[механика]] на [[Универзитет во Базел|Универзитетот во Базел]] во [[1683]]. Наредната година се оженил со [[Џудит Ступанус]] и имале две деца. Во текот на истата деценија започнало неговото плодно истражување и кариера. Неговите патувања му овозможиле да воспостави кореспонденција со многу врвни математичари и научници од неговата ера, и истата ја одржува во текот на целиот свој живот. Во негово време, тој ги проучувал најновите откритија во математика, вклучувајќи го делото на [[Кристијан Хајгенс]] ''[[De ratiociniis in aleae ludo]]'', ''[[Geometrie]]'' од [[Рене Декарт]] и додатоците на [[Франс ван Шотен]] во него. Исто така ги проучувал и [[Исак Бароу]] и [[Џон Валис]] водејќи се од својот интерес за бескрајната геометрија. Освен тоа, во периодот од 1684 и 1689 биле пронајдени голем дел од резултатите кои беа потребни за да се создаде ''[[Ars Conjectandi]]''. Тој бил назначен за професор по математика на Универзитетот во Базел во 1687 и останал на оваа позиција до крајот на својот живот. Во тоа време започнал туторство на својот брат [[Јохан Бернули]] во областа на математика.<ref>[http://www.britannica.com/EBchecked/topic/62599/Jakob-Bernoulli Jacob Bernoulli], [[Енциклопедија Британика]].</ref>. Двајцата браќа заедно започнале да проучуваат калкулус создаден од [[Готфрид Вилхелм Лајбниц|Лајбниц]] во 1684, труд на [[Извод|диференцијални пресметки]] на ''[[Nova Methodus pro Maximis et Minimis, itemque Tangentibus]]'', објавен во ''[[Acta Eruditorum]]''. Исто така, тие ги проучувале публикациите на [[фон Чирнхаус]]. Мора да се разбере дека публикациите на Лајбниц за калкулус биле многу нејасни за математичарите во тоа време и дека браќата Бернули биле првите што се обиделе да ги разберат и применат [[Лакбницови теории|Лајбницовите теории]]. Јакоб соработувал со својот брат на различни примени на калкулус. Но, атмосферата на соработка помеѓу двајцата браќа се претворила во
''“Eadem mutata resurgo.” – „Променет, а сепак ист, јас се раѓам повторно.”''
|