Теодор II Ласкарис: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Живот: Јазична исправка, replaced: бил роден → е роден
с →‎Живот: Јазично подобрување, replaced: ривали → соперници
Ред 26:
Longman (originally published by the University of Michigan), 2003 ISBN 0582356105 p 209</ref> и тој низ целиот свој живот се посветил на науката и уметноста. За разлика од првичните практики, Теодор II не бил крунисан за совладетел од страна на неговиот татко, но учествувал во раотата на владата од 1241 година.По смртта на Јован III на 4 ноември 1254 година, Теодор II бил прогласен за ца од армијата и дворот, но бил крунисан откако бил назначен нов патријарх, [[Арсениј Цариградски|Арсениј]], во 1255 година.
 
Стапувањето на престолот на Теодор било искористено од страана на [[бугари]]те, кој ја нападнале [[Тракија]] под водство на младиот и неискусен [[Михаил II Асен|Михаил II]] во 1255 година. И покрај своите интелектуални склоности, Теодор веднаш тргнал во марш кон бугарите и им нанел тежок пораз. За време на својата втор поход во 1256 година, тој успеал да склучи поволен мир со Бугарија, која најверојатно имала криза во водството на државата. Теодор продолжил по победата над Бугарија проширувајќи ја контролата на запад, каде ги освоил [[Драч]] и [[Сервија]], со што успешно ги заобиколил неговите ривалисоперници во [[Епирско деспотство|Епир]].
 
Внатрешно, Теодор претпочитал бирократи од средните класи наместо членови на големите аристократски семејства. Михаил Анголд делумно ова го објаснува како дел од неговиот карактер: