Етапна трка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: индивидуал → поединеч
с →‎Планински етапи: Јазично подобрување, replaced: ривали → соперници (2)
 
Ред 19:
Планините често предизвикуваат големи разлики во завршните времиња поради едноставните закони на физиката. Најпрвин, помалата брзина означува дека аеродиначната предност постигната од заветрината е многу помала. Понатаму, полесните возачи создаваат поголема сила по килограм отколку потешките возачи; така, спринтерите и универзалните возачи, кој се малку поголеми, страдаат на искачувањата и губат многу време - преку 40 минути на долгите етапи. Општо, овие возачи создаваат група познат како „автобус“ и возат со одмерено темпо до крајот. Нивна единствена цел е да ја поминат линијата во рамките на предвидената временска граница - обично времето на победникот на етапата плус 15% - или тие ќе бидат дисквалификувани од трката (преку одлука на организаторите; во ретки случаи водечкото бегство станува толку големо, што целата група паѓа далеку и доцни многу, па им се дозволува да останат во трката со цел да се избегне исклучување на целата група.
 
Полесните возачи се движат по падините со многу поголема брзина. Обично возачите за генералниот пласман се обидуваат да останат близу челото на групата и тие исто така се обидуваат да ги зачуваат нивните совозачи со нив. Овие совозачи се тука за одредување на нивното темпо - и доколку можат да ги отфрлат нивните ривалисоперници - и да им пружат морална поддршка. Вообичаено, водачот ќе нападне многу силно, кога преостануваат уште неколку километри, обидувајќи се да добие на време во однос на неговите ривалисоперници. Разлики од две или дури три минути можат да бидат постигнати во само неколку километри со силни напади.
 
==== Умерено-планински етапи ====