Разлика помеѓу преработките на „Дишник“

Додадени 4 бајти ,  пред 5 месеци
с
→‎top: Јазична исправка, replaced: хеликси → завојници
с (→‎top: Јазична исправка, replaced: хеликси → завојници)
''Оваа статија се однесува на трахеите (дишниците) како респираторни органи кај некои без‘рбетници. За трахеите како спроводни елементи на ксилемот кај растенијата, видете [[Трахеи (растение)]].''
 
'''Дишниците''' (или '''душникот''') се цевчести [[орган]]и за [[дишење]] кај копнените [[членконоги]]. Тие служат за транспорт на [[Метаболизам|метаболитичките]] [[гас]]ови од и до [[Ткиво|ткивата]] на животното. Бројот на отвори со кои дишниците се поврзани со надворешната средина може многу да варира низ многуте [[Ред (биологија)|редови]] на [[инсект]]и, но најчесто во секој сегмент од телото може да има парни отвори. Дишниците се всушност вдлабнувања на [[кутикула]]рниот [[егзоскелет]] кои се разгрануваат низ [[тело]]то на животното, со [[дијаметар]] од неколку [[Микрометар|микрометри]] до 0,8 [[Милиметар|mm]]. Најмалите дишници се наречени трахеоли. Тие навлегуваат во [[Клетка|клетките]] од ткивата и служат како места за [[дифузија]] на [[вода]], [[кислород]] и [[јаглерод диоксид]]. Гасовите се пренесуваат низ трахеалниот систем преку активно [[издишување]] (вентилација) или преку пасивна дифузија.
 
Трахеалните цевки можат да се изградени од кружни [[‘Рскавица|‘рскавични]] прстени наречени [[Тенидија|тенидии]], кои, пак, можат да бидат во различни форми (јазли или хеликсизавојници).
 
Исто така, во [[глава]]та, [[Граден кош|градниот кош]] или во [[Стомачна празнина|стомачната празнина]], дишниците може да се поврзани со [[Воздушно ќесе|воздушни ќесиња]]. Многу инсекти, како [[Скакулец|скакулците]], можат да ја контролираат циркулацијата на [[воздух]]от низ нив.
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Дишен систем]]
[[Категорија:Членконоги]]