Момир Поленаковиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Научна дејност: Јазично подобрување, replaced: трансплантација → пресадување (3)
с →‎Научна дејност: Јазична исправка, replaced: коавтор → соавтор
Ред 34:
 
==Научна дејност==
Акад. Момир Поленаковиќ искуствата од светот ги применил во нашата средина, а и нашите сознанија и достигнувања ги соопштил во земјава и странство во над 500 отпечатени научни и стручни трудови, од кои 191 труд се на Pub Med, како и во 250 апстракти со кои учествувал на научно-стручните состаноци во земјата и светот. Редактирал и издал пет книги на реферати од конгреси и научни состаноци. Автор е на книгата „Исхрана кај болните со бубрежна инсуфициенција и на дијализа“, 1997, како и коавторсоавтор (со акад. И. Дејанов и П. Дејанов) на книгата „Инфекции, хемостатски нарушувања и антибиотичка терапија кај болни на хемодијализа“, 2004.
 
Акад. Поленаковиќ е активен во изучувањето на: гломерулонефритите, интерстиционефропатиите, уринарни инфскции, инвазивна и неинвазивна нефролошка дијагностика, паренхимните нефропатии, имуносупресивна терапија, плазмафереза, невролошки пореметувања при хроничната бубрежна инсуфициенција и др. Акад. Поленаковиќ за првпат во нашата земја воведува добивање на бубрежно ткиво по пат на псркутана бубрежна биопсија и овозможува иследување на свежо добиено бубрежно ткиво со имунохемиски методи. Ја дал класификацијата на гломерулонефрититс во Република Македонија. Од 1965 година акад. Поленаковиќ учествува во лекување на акутната бубрежна инсуфициснција со хемодијализа, а од 1971 година во лекувањето на хроничната бубрежна инсуфициснција со интермитснтна хемодијализа. Прв го вовел лекувањето со рекомбинантсн еритропоетин реналната анемија кај пациенти лечени со дијализа. Во 1977 година учествувал во изведувањето на првото бубрежно пресадување на Медицинскиот факултет во Скопје.