Глигор Јовановски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Научна дејност: Правописна исправка, replaced: сé → сè
с →‎Научна дејност: Јазична исправка, replaced: коавтор → соавтор (2)
Ред 34:
Според бројот на објавени трудови, а и одгласот што го имале тие, на прво место се истражувањата на [[сахарин]]от и неговите соли и деривати, како и на сродното соединение тиосахарин. Имено, од околу 350 статии објавени во светот и посветени на структурните аспекти на хемијата на сахаринот, тиосахаринот и нивните соли и деривати, околу 20% се трудови на акад. Јовановски и на неговата група.
Во следната голема група трудови на акад. Јовановски се презентирани резултатите од изучувањето на структурните и спектроскопски карактеристики на минерали од Македонија, од кои некои се исклучителна реткост во светски размери. Истражувањата на ова поле може да се сметаат за пионерски, затоа што првпат се пристапува кон систематско структурно испитување на минералите од Македонија. Со спектроскопски и дифракциони методи, со атомска апсорпциона спектрометрија и со други методи досега се изучени околу 90 минерали најдени во Република Македонија, при што крајната цел на овие комплексни студии била да се издаде монографија што ќе ги содржи структурните и минералошките карактеристики на минералите од Македонија, а и да се направи што е можно покомплетна минералошка збирка. Монографијата е веќе објавена во 2012 г., а збирката од минерали изложена во просториите на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет (со околу 500 примероци) е не само најкомплетната во Македонија, туку се одликува и со висока естетска вредност. Во меѓувреме поставена е и извонредно убава збирка на минерали од Република Македонија и во Македонската академија на науките и уметностите (околу 100 примероци). За одбележување е и обемниот прегледен труд посветен на идентификацијата на минерали со помош на вибрациона (инфрацрвена и раманска) спектроскопија и на рендгенска дифракција на спрашени обрасци што е објавен во списанието Прилози на МАНУ.
Акад. Глигор Јовановски е автор или коавторсоавтор на повеќе од 200 трудови, од кои 180 научни трудови објавени во педесетина реномирани светски списанија со фактор на влијание (IF). Објавил и околу 20 стручни трудови. Покрај тоа, на научни манифестации (пред сè во странство) акад. Јовановски, во соработка со постари и помлади соработници, презентирал 218 соопштенија, секциски или пленарни предавања, (130 на собири во странство), а одржувал предавања и на странски универзитети. Неодмна, на покана на директорот на Институтот за минералогија и кристалографија при Виенскиот универзитет во Австрија, академик Јовановски одржа предавање за истражувањата на минералите од Република Македонија. Акад. Јовановски досега учествувал (или и сега учествува) во изработката на 45 научноистражувачки проекти, (13 се меѓународни), од кои на три меѓународни и осум домашни бил и раководител. Бил учесник и во два проекта за унапредување на образованието. Како коавторсоавтор објавил пет монографии и две универзитетски учебни помагала. Рецензирал стотици трудови за околу 20 реномирани интернационални научни списанија со фактор на влијание и за 4 домашни списанија.
Големиот степен на цитираност на резултатите од вкупната научна работа на акад. Јовановски (според Science Citatiton Index, бројот на цитати на трудовите на aкад. Јовановски е околу 2200), покажува дека неговите трудови се широко познати и имаат влијание врз научната мисла во областа на структурната хемија – онаа во која тој работи. Тоа, од друга страна, зборува не само за реномето што тој го има (и го зголемува) како научен работник, туку и за реномето на институцијата што има ваков научник во своите редови.
Акад. Глигор Јовановски имал и многу успешна наставна активност на додипломските и постдипломските студии, а автор е и на неколку учебни помагала. За одбележување е дека за првпат ги осмислува и воведува предметите Кристалохемија (на додипломските) и Методи за испитување на цврсти супстанци (на постдипломските студии) на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје. Во неколку наврати, при анкетирањето на студентите, акад. Јовановски бил посочуван и избиран за најдобар професор на Институтот за хемија при ПМФ.